Home | Repositories | Statistics | About



Subject: македонската 19-вековна литература, жанр, Григор Прличев, исповед, културен идентитет, меморија


Year: 2018


Type: Article



Title: „Мечта на еден старец“ од Григор Прличев среде жанровите на македонската литература од 19 век


Author: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова



Abstract: Македонската литература од 19 век, обележана со мноштво противречности, како на историски така и на културен план, претставува едно од најпроблематичните места при книжевноисториското следење на македонската литература. Тоа се забележува и во обидите да се исцрта развојот на книжевните жанрови во македонската литература, што е нужно од повеќе причини, бидејќи таквиот потфат фрла светлина врз последичните пројави во 20 и во 21 век, кои често се аспектираат како изолирани и самодоволни. Анализата се осврнува кон една проблематична текстовна конструкција од жанровски аспект – „Мечта на еден старец“ од Григор Прличев, која не само што го актуализира проблемот на жанрот, туку и ја загатнува специфичноста на промислувањата на Прличев. Во таа смисла, тој текст е и (авто)поетички, меѓу ретките расправи од тој вид во тој период од развојот на македонската литература


Publisher: Филолошки факултет „Блаже Конески“


Relation: Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кн. 43-44.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6681
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6681



TitleDateViews
„Мечта на еден старец“ од Григор Прличев среде жанровите на македонската литература од 19 век201826