Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Обединети Нации, Меѓународен ден на семејството, семејство, проблеми, предизвици на семејствата


Year: 2019


Type: Proceeding article



Title: Придонесот на Обединетите Нации за семејствата (осврт на меѓународниот ден на семејството)


Author: Радуловиќ, Македонка
Author: Авировиќ Бундалевска, Ирена
Author: Кескинова, Ангелка



Abstract: Меѓународниот ден на семејството 15 мај, е прогласен од Обединетите нации уште од 1993 година и одтогаш се прославува насекаде во светот. Овој ден дава можност за промовирање на свеста за прашања поврзани со семејствата и за зголемување на знаењето за социјалните, економските и демографските процеси кои влијаат на семејствата. Значењето што Обединетите нации го даваат на семејството со одбележување на овој ден, покажува дека и покрај многуте трансформации на семејствата во текот на изминатите години во однос на нивната структура и функции, семејството се уште се препознава како основана единица/клетка на општеството. Интересот на оваа организација за семејството како заедница и неговата добросотојба започнува на почетокот на осумдесетите години. 1983 година, врз основа на препораките на Економско-социјалниот совет, Комисијата за социјален развој во својата Резолуција за улогата на семејството во процесот на развој (1983/23) побара од Генералниот секретар да ја подобри свеста кај носителите на одлуки и јавноста на проблемите и потребите на семејството. Така, Обединетите нации почнуваат да се фокусираат на прашањата поврзани со семејството. Овој труд ги обработува темите под кои се одбележувал меѓународниот ден на семејствата низ годините наназад, како и прашањата кои биле актуелни во дадениот период. Истот така, целта на овој труд е да се истражи динамиката на прашањата поврзани со семејствата кои Обединетите нации ги сметаат за значајни.


Publisher: Универзитет Гоце Делчев, Штип


Relation: Sixth International Scientific Conference: Social Change in the Global World



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6630
Identifier: Радуловиќ, М., Авировиќ Бундалевска, И., Кескинова, А. (2019). Придонесот на Обединетите Нации за семејствата (осврт на меѓународниот ден на семејството). Шеста меѓународна научна конференција "Social Change in the Global World". Универзитет Гоце Делчев, Штип.
Identifier: 978-608-244-647-9
Identifier: 110919178
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6630



TitleDateViews
Придонесот на Обединетите Нации за семејствата (осврт на меѓународниот ден на семејството)201935