Home | Repositories | Statistics | About



Subject: семејство, семејна поддршка, дете со пречки во развојот, социјална заштита, надоместоци


Year: 2019


Type: Proceeding article



Title: Поддршка на семејствата со дете со пречки во развојот


Author: Кескинова, Ангелка
Author: Радуловиќ, Македонка
Author: Авировиќ Бундалевска, Ирена
Author: Драговиќ, Ивана



Abstract: Семејството на дете со пречки во развојот се соочува со неколку социјални ризици во исто време, т. е. со развојните предизвици на детето од една страна, и добивање на соодветна поддршка од релевантните институции, од друга страна. Како земја во долготрајна транзиција, сé уште немаме доволно развиен систем на формална и неформална социјална заштита, или истиот функционира на незадоволително ниво поради што семејствата се соочуваат со низа дополнителни проблеми. Целта на нашиот труд е да дадеме преглед на законската регулатива во насока на подобрување на квалитетот на живот на детето со развојни потешкотии, односно на неговото семејство. Нашата анализа е насочена кон утврдување на финансиските надоместоци кои ги нуди државата и утврдување на евентуалната дискриминација при поставување на законската регулатива. Според добиените резултати утврдивме дека постојат неколку дискриминирачки одлуки во распределбата на надоместоците. Еден од тие надоместоци е посебниот додаток кој според последните промени изнесува 5.096 ден за 2019г, истиот е наменет за повеќе категории на попреченост, но не и за лицата со лесна интелектуална попреченост, што претставува еден вид на дискриминација со оглед на тоа што оваа категорија на деца е најбројна помеѓу децара со интелектуална попреченост, а од друга страна потекнуваат од семејства со најнизок социо-економски статус.


Publisher: Универзитет Гоце Делчев, Штип


Relation: Sixth International Scientific Conference: Social Change in the Global World



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6628
Identifier: Кескинова, А., Радуловиќ, М., Авировиќ Бундалевска, И., Драговиќ, И. (2019). „Поддршка на семејствата со дете со пречки во развојот“. Шеста меѓународна научна конференција "Social Change in the Global World", Proceedings pp. 815-826. Штип: Универзитет Гоце Делчев.
Identifier: 978-608-244-647-9
Identifier: 110919178
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6628



TitleDateViews
Поддршка на семејствата со дете со пречки во развојот201921