Home | Repositories | Statistics | About



Subject: предбрачна заедница, брак, семејство, Македонија.


Year: 2017


Type: Proceeding article



Title: Дали предбрачните заедници го подобруваат бракот? Поглед кон семејната динамика во Mакедонија


Author: Авировиќ Бундалевска, Ирена



Abstract: Во последните години во Македонија сме сведоци на постојаниот пораст на вонбрачните заедници и разводите и истовремено намалување на бројот на склучените бракови. Македонија, како и останатите европски земји, не остана имуна на промените на структурата и динамиката на семејството кои настанаа како резултат на повеќе општествени процеси како глобализацијата, забрзаната урбанизација и индустријализацијата. Денес сè повеќе млади парови во Македонија се одлучуваат за вонбрачна заедница наспроти брак или пак претпочитаат да живеат заедно определен период пред да стапат во брак. Дали предбрачната заедница претставува еден вид тест за бракот? Колку предбрачната заедница може позитивно да влијае на бракот? Дали вонбрачната заедница води кон брак или пак го заменува постепено бракот? Во овој труд ќе се обидеме да ги анализираме горенаведените прашања и да истражиме колкаво е влијанието на предбрачните заедници за успехот на бракот во Македонија. За таа цел, ќе биде спроведено квантитативно истражување на млади брачни парови и парови кои живеат во вонбрачна заедница на возраст од 25 до 45 години. Дополнително, преку анализа на домашни и странски статистички податоци, трудот ќе ја разгледа семејната динамика во Македонија во последните неколку децении и ќе презентира повеќе аспекти на современото македонско семејство.


Publisher: Универзитет Гоце Делчев, Штип


Relation: Fourth International Scientific Conference "Social Change in the Global World"



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6627
Identifier: Авировиќ, И. (2017). Дали предбрачните заедници го подобруваат бракот? Поглед кон семејната динамика во Mакедонија. Четврта меѓународна научна конференција "Social Change in the Global World", pp. 1099-1113. Штип: Универзитет Гоце Делчев.
Identifier: 978-608-244-423-9
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6627



TitleDateViews
Дали предбрачните заедници го подобруваат бракот? Поглед кон семејната динамика во Mакедонија201719