Home | Repositories | Statistics | About



Subject: биографија, Шапкарев, македонска литература во 19 век, дискурс, биографски субјект.


Year: 2016


Type: Article



Title: Биграфијата на Кузман Шапкарев во светлината на биографските дискурси


Author: Искра Тасевска Хаџи-Бошкова



Abstract: Биографскиот дискурс се одликува со издиференцирани (ограничени, но и пошироки) карактеристики во споредба со автобиографските творби. Според критичарките Смит и Вотсон, најважната разлика меѓу биографиите и автобиографиите се состои во заземањето надворешна гледна точка (т.е. онаа на биографот), која соодветно го дефинира субјектот и пишувањето за него. Од една страна, ослободеноста од идентичноста меѓу раскажувачот и ликот дејствува како олеснување, но од друга страна, биографот е оневозможен да ги почувствува минатите настани внатрешно (за разлика од автобиографскиот субјект), па секогаш ги согледува отстрана (онака како што ги гледаат другите луѓе). Предмет на нашата анализа e биографијата на Миладиновци, напишана од страна на Кузман Шапкарев, која уште еднаш го потенцира начинот како се комбинираат модусите на биографското и на автобиографското. Со оглед на фактот дека и самиот Шапкарев е творец на дури две автобиографии, можеме да заклучиме дека (барем во македонскиот литературен 19 век) соодветното биографско отсликување на личноста не е можно без длабока (емотивна, но и идејна, етичка) поврзаност со претставената личност и нејзиното дело.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, Штип


Relation: Палимпсести, год. 1 бр. 1



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6615
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6615



TitleDateViews
Биграфијата на Кузман Шапкарев во светлината на биографските дискурси201614