Home | Repositories | Statistics | About



Subject: семејство, родители, согорување, интелектуална попреченост, девијантно однесување, браќа и сестри


Year: 2019


Type: Proceeding article



Title: Семејството и интелектуалната попреченост


Author: Кескинова, Ангелка
Author: Радуловиќ, Македонка
Author: Авировиќ Бундалевска, Ирена
Author: Драговиќ, Ивана



Abstract: Долго време истражувачкиот фокус бил ставан на психолошкото влијание што го има родителот врз детето, но од поново време фокусот полека се преместува кон проучување на психолошкиот ефект што детето може да го има врз членовите во семејството. Константната поддршка што семејството треба да ја обезбеди на детето со интелектуална попреченост, често пати може да предизвика нивно согорување, односно проблеми во менталното здравје, зголемено ниво на стрес, чувство на помала вредност и срам, намалена физичка функционалност, измореност и исцрпеност. Со раѓањето на детето со интелектуална попреченост, се зголемуваат и обврските на неговите браќа и сестри, односно тие имаат дополнителна улога што ја немаат нивните врсници. Од нив се очекува да се грижат за својот брат/сестра со интелектуална попреченост, т.е. имаат поголеми одговорности и обврски кон нив. Целта на нашето истражување беше утврдување на семејната хармонија и односот помеѓу членовите во семејството. Во насока на остварување на целта ги поставивме следните задачи: утврдување на фреквентноста на девијантни однесувања кај членовите во семејството и интеракција на детето со интелектуална попреченост со неговите браќа/сестри. Во истражувањето беа опфатени 104 семејства кои имаат дете со интелектуална попреченост. Од методите ги користевме дескриптивниот метод и методот за генерализација. Преку анализата на податоците дојдовме до заклучок дека висок е процентот на девијантни однесувања, т.е. во 14,42%, односно кај 15 семејства се забележани девијантни однесувања, најчесто алкохолизам и семејно насилство. Во однос на субјективното доживување на родителите утврдивме дека 63,04% во одредена мера, помала или поголема, почувствувале дека ги запоставуваат своите други деца поради обврските што ги имаат кон детето со интелектуална попреченост.


Publisher: Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ


Relation: Меѓународна научно-стручна конференција: 70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6602
Identifier: 978-608-65438-6-0
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6602



TitleDateViews
Семејството и интелектуалната попреченост201924