Home | Repositories | Statistics | About



Subject: медиуми, кримиална политика, известување, криминал, превенција.


Year: 2016


Type: Article



Title: Медиумите и криминалната политика


Author: Deanoska - Trendafilova, Aleksandra



Abstract: Криминалната политика во светлината на обедначениот теоретско-практичен пристап претставува „научно заснована активност на општеството во превенцијата и репресијата на криминалот, како практика на сузбивање на криминалот и стратегија на ефикасна борба со криминалот. Од различните концепти за опфатот на криминалната политика, најширокиот модел според кој криминална политика ги опфаќа во себе и мерките на општата превенција и социјална контрола на криминалот, ги вбројува медиумите на листата на носители на социјалната превенција на криминалот. Но, односот помеѓу медиумите и криминалот е бивалентен, поточно дивергентен. Имено, медиумите може да се јават како носители на превенцијата, но и како криминогени фактори, дури и како извршители на казнени дела. Така, на пример, одредени програми може да го стимулираат агресивниот потенцијал кај малолетниците. Политичките и информативните емисии може често да содржат говор на омраза, повикување на дејствија кои би резултирале со извршување казнени дела, повреда на правото на презумпција на невиност. Иако не постојат научни и емпириски сознанија за степенот на влијание кој медиумот може да го има, неспорна е насоченоста и природата на пораките кои се испраќаат преку медиумите, а кои имаат психолошко влијание и бихејвиорален импакт, дури и кога се непосредно асоцирани. Сепак, не смее да се пренебрегне фактот што медиумите имаат и поинаква, значајна улога во превенирањето и сузбивањето на криминалот. Преку медиумите може да се креира јавното мислење во позитивна насока, во правец на подобра детекција на девијантни и асоцијални однесувања и генерално, осуда на криминалните дејствија. Работата на медиумите несомнено може да биде меч со две острици, но само слободното, објективно и професионално новинарство може во полна сила да ја исполни задачата за превентивно дејствување во системот на социјална контрола како важен сегмент на криминалната политика во една држава.


Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје


Relation: Меѓународна конференција „Медиумите и човековите права“ - Правен факултет Јустинијан Први, Скопје, 2016



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6549
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6549



TitleDateViews
Медиумите и криминалната политика201618