Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Ериугена, бог, апофатички, катафатички, повеќе отколку, неискажливост


Year: 2019


Type: Journal Article



Title: Неспознатливоста и неискажливоста на Бог според Џон Скот (Ериугена)


Author: Тодоровска, Марија



Abstract: Во статијата се истражува негативната теологија употребувана од страна на Џон Скот (Ериугена) во делото „За поделбата на природата“, како јадрена структура во неговиот онтолошки систем. Апофатичките ставови се круцијални во експозицијата на Ериугена на позицијата и улогата на Бог, а со тоа и на слoженото функционирање на четирите поделби на природата и неговиот концепт за петте начини на интерпретација на постоењето. Основните категории во неговиот систем на природата се покажани, заедно со најсилните тврдења за неискажливоста и неспознатливоста на Бог, за потем да се анализира неговата методолошка рамка на катафатичката и на апофатичката теологија во пристапувањето кон непристапната, натсуштинска, неразбирлива природа на божественото. Ставовите на Ериугена за вредностите и значењето на двете гранки на теологијата ги поставуваат не во конфликт или меѓусебно недоразбирање, туку како комплементарни и во постојана хармонија. Најголем дел од текстот се однесува на претпочитањето на Ериугена на негациите од апофатичката теологија во говорењето за Бог, заедно со очигледната свесност дека заслугите на катафатичката теологија се исто така значајни во изразувањето на трагата од Бог како манифестација во создадениот свет; како и на неговиот дијалектички маневар на нагласување на важноста на повеќе-отколку формулациите за божјата натсуштинскост. Затоа, разгледани се идеите на Ериугена за формулите што по форма се афирмативни, а по значење негативни, за да се покаже неговото разбирање на предностите на синтезата на катафатичката и апофатичката теологија, во форма на „хиперфатичка“ теологија што го изразува Бог како неизразлив (бидејќи е повеќе отколку изразлив).


Publisher: Филозофски факултет, Скопје


Relation: Годишен зборник на Филозофскиот факултет во Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6495
Identifier: Тодоровска, М., „Неспознатливоста и неискажливоста на Бог според Џон Скот (Ериугена)“, Годишен зборник на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во Скопје, кн. 72, Филозофски факултет, Скопје, 2019, 53-66.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6495



TitleDateViews
Неспознатливоста и неискажливоста на Бог според Џон Скот (Ериугена)201931