Home | Repositories | Statistics | About



Subject: организација на власта, Римската република, грчки модел на град-држава, „латински хеленизам“, „практична филозофија“.


Year: 2018


Type: Article



Title: "Влијанието на грчката правно-филозофска мисла врз идеите на Римската res publica"


Author: Рунчева Тасев, Христина



Abstract: Предметниот текст има за цел да даде приказ на влијанието кое грчкиот модел на град-држава и идеите на неговите највлијателни филозофи го извршиле врз развојот на Римската република. Преку компаративен приказ на организација на власта, авторката укажува дека наспроти грчката демократија, Римската република станува модел на „плурална автономија“ со нагласена потреба за избалансираност на различните групи, процес кој во современите држави се остварува по пат на формални power-sharing договори. Под влијание на грчката мисла се раѓа т.н. „латински хеленизам“, во кој римјаните преземале значаен дел од грчката култура и традиција, но воедно создале единствен политички модел олицетворен во римската res publica. Во поглед на придонесот кон филозофската мисла, Римјаните се сметаат како „нефилозофски народ“ кој е многу поблизок до конструирањето на т.н. „практична филозофија“, заради тенденцијата кон предлагање на практично применливи решенија за државното уредување, наместо догматско теоретизирање. Влијателната грчка култура ја пренела филозофијата во Рим, но таа добила посебни особености и вредности својствени само за Римската република.


Publisher: УКИМ, Правен факултет "Јустинијан Први" Скопје


Relation: Годишник на Правниот факултет "Јустинијан Први" во Скопје, том 58



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6450
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6450



TitleDateViews
"Влијанието на грчката правно-филозофска мисла врз идеите на Римската res publica"201826