Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Марк Тулиј Кикерон, res publica, државно уредување, устав, теорија за државата


Year: 2016


Type: Article



Title: “Идеите на Марк Тулиј Кикерон за државното уредување”


Author: Рунчева Тасев, Христина



Abstract: Предметниот текст има за цел да ги прикаже клучните идеи на Марк Тулиј Кикерон за најдоброто државно уредување. Комплексната идеја за најдобриот државен облик и неговата организација на власта е изложена во неговото клучно филозофско дело, De re publica, кое е плод на Кикероновото долгогодишно искуство во политиката, филозофијата, ораторството. Марк Тулиј Кикерон во De re publica ја претставил сопствената визија за идеалната држава, преточена во моделот на Римската република, заснована на непишан устав. Римската res publica е изградена на сличен начин како и римското право. Имено, како што римското право е создавано низ практична примена на правните норми врз определени случаи, така Републиката е заснована врз практична организација на власта согласно потребите на римските граѓани, а не врз основа на однапред зададени уставно-правни норми. Опфатени се и Кикероновите идеи за народен суверенитет (res publica res populi), како и основите на договорниот карактер на Кикероновата дефиниција за државата која бележи низа рефлексии во подоцнежната филозофска мисла, особено во делата на Русо, Хобс, Ролс итн каде формално се јавува во облик на општествен договор.


Publisher: Стоби Трејд


Relation: Juridica Journal of Legal and Social Studies



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6443
Identifier: 978-608-4767-13-8 (Т. 2)
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6443



TitleDateViews
“Идеите на Марк Тулиј Кикерон за државното уредување”201614