Subject: Одговорност да се заштити
Year: 2017
Type: Article
Title: Одговорноста на меѓународната заедница за спречување на масовни злосторства
Author: Стојковски, Љупчо
Abstract: Војната во Сирија која досега одзема над 400.000 животи, (Aljazeera 2016) доведе до над 11 милиони расселени лица (United Nations Office for the Coordination of Humanitarian Affairs 2017) и во која се нотирани бројни прекршувања на меѓуродното право, вклучително и обвинувања за воени злосторства и злосторства против човештвото, веќе шест години ја „потресуваат совеста на човештвото“. Оваа, меѓутоа и некои други актуелни кризни ситуации кои не се толку во фокусот на меѓународната јавност – како на пример случувањата во Централно Афричка Република, Судан, Јужен Судан, Бурунди, Јемен и др. – одново го отвораат прашањето за улогата на меѓународната заедница во спречување на масовни злосторства кога државите каде што се случуваат овие злосторства се немоќни или пак и самите се причинители на истите.
Publisher: Институт за човекови права
Relation: Правен Дијалог, бр.14
Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/6428
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6428