Home | Repositories | Statistics | About



Subject: готовина; нето-работен капитал, хиерархија во финансирање, слободен готовински тек


Year: 2018


Type: Journal Article



Title: Детерминанти на готовината на компаниите во Rепублика Mакедонија


Author: Наумоски, Александар



Abstract: Во оваа студија се анализираат интерните фактори во компаниите кои би можеле да го објаснат нивото на готовината на примерок од 32 котирани нефинансиски фирми во Република Македонија во периодот од 2006 до 2015 година. Целта на овој труд е да се изгради синтеза на трите теоретски модели за мотивите за поседување готовина кај компаниите: теорија на компромис, теорија на хиерархија во финансирањето и теорија на слободните готовински текови и да се испита нивниот релативен придонес во објаснувањето на актуелните корпоративни готовински средства. Посебно сме заинтересирани за прашањето дали фирмите активно ги следат имплицитните готовински таргети или, пак, нивото на готовината која се поседува се смета за неважно и пасивно се прилагодува на (поважни) финансиски одлуки, донесени на друго место во фирмата. Емпириските резултати покажуваат дека во просек македонските фирми поседуваат 5,2% од вкупните средства како пари и парични еквиваленти. Користејќи ги нивните финансиски податоци, применуваме панел регресионен модел, каде како егзогени варијабли зедовме неколку најважни карактеристики на компаниите кои најмногу го детерминираат нивото на готовина во компанијата. Резултатите од анализата покажаа поддршка на теорија за хиерархија во финансирањето во согласност со која фирмите немаат оптимално ниво на готовина, а готовината се користи како тампон помеѓу задржаната добивка и инвестициите на фирмата. Поконкретно, учеството на готовината во вкупните средства кај анализираните компании значително се намалува со нето-обртниот капитал и левериџот, а значително се зголемува со големината на фирмата, готовинскиот тек, неизвесноста во готовинскиот тек и доспеаноста на долгот. Готовинските средства имаат негативна врска со капиталните расходи и позитивна врска со циклусот на конверзија на готовината, но и двете се статистички незначајни променливи.


Publisher: Економски факултет - Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет - Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/5261
Identifier: Наумоски, Александар (2018), “Детерминанти на готовината на компаниите во Република Македонија”, Годишник на Економски факултет – Скопје, 53 , pp. 301-316
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/5261



TitleDateViews
Детерминанти на готовината на компаниите во Rепублика Mакедонија201828