Home | Repositories | Statistics | About



Subject: мал бизнис, планирање, стратегија, менаџмент,стратегиско планирање, стратегиски менаџмент


Year: 2015


Type: Article



Title: Карактеристики на планирањето кај малите бизниси во Република Македонија


Author: Јанеска илиев, Александра



Abstract: Со зголемувањето на сознанието и свеста кај истражувачите сè повеќе се согледува огромното влијание, кое малите бизниси го имаат во делот на претприемачките активности, иновациите, креирање на нови работни места, профитабилноста и економијата во целост. Притоа, преку согледувањето на структурното значење на малото претпријатие, посебно за големите бизниси, за високата технологија, за високорастечките бизниси и за општеството во целина, малото претпријатие се наметнува во фокусот на истражувачките интереси. Сè почесто се случува во светот најдобрата експертиза да се обезбеди преку малите бизниси, пред сè поради нивната специјализација и фокус. Голем дел од успехот на малото претпријатие произлегува од нивната различност и посебност. Па така, долгорочната ориентација и планирање кое треба да ја обезбеди иднината на малото претпријатие, станува значаен дел од секојдневието на малите претпријатија.Во рамките на оваа анализа се опфатени различните аспекти, поврзани со малите претпријатија во Република Македонија, како штосе општите карактеристики, финансирањето, растот, планирањето, употребата на техниките за планирање, стратегиите и сл. Спроведеното истражување на повеќе од 305 деловни субјекти креира една слика за ситуацијата во однос на менаџментот на малите претпријатија во Република Македонија, истовремено обезбедувајќи преглед на нивните специфичности и карактеристики. Интересно е тоа што респондентите/ испитаниците ги одговориле прашањата, поврзани со планирањето и стратегиското планирање, со што иницијално може да се утврди постоењето на одредена свест кај мали претпријатија од потребата за планирање на долгорочниот развој. Употребата на постојното знаење и генерирање на соодветна рамка за малиот бизнис во Република Македонија обезбедува можност за согледување на придобивките од употребата на различни менаџерски алатки и техники во насока на остварување долгорочен развој и просперитет на малите претпријатија, што треба да биде еден дополнителен поттик за малите претпријатија да ги насочат своите напори кон имплементација на соодветни стратегиски елементи во секојдневното работење.


Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје


Relation: Годишник на Економскиот факултет, том 50 (2015)



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/4951
Identifier: Јанеска, А. 2015, Карактеристики на планирањето кај малите бизниси во република македонија . Годишник на Економски факултет-Скопје, Скопје том 50
Identifier: 0489-0922
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4951



TitleDateViews
Карактеристики на планирањето кај малите бизниси во Република Македонија201515