Home | Repositories | Statistics | About



Subject: внатрешна и надворешна мотивација, длабински и површен пристап на учење, постигнати резултати


Year: 2016


Type: Journal Article



Title: Односот помеѓу пристапот на учење, мотивацијата и постигнатите резултати


Author: Јанчевска, Ивана
Author: Божиновска лазаревска, Зорица



Abstract: Во текот на студирањето студентите се соочуваат со образовните програми кои се поставени во високото образование и кои им овозможуваат на студентите да дејствуваат и да учат во различни ситуации и на тој начин да се стекнат со потребните знаења, вештини, ставови, карактеристики на личноста кои ќе им помогнат да дејствуваат како квалификувани професионалци. Овој труд ги презентира резултатите од анкетното истражување на пристапот на учење и мотивациjата на студентите од трета и од четврта година на првиот циклус на студии на департман „Сметководство и ревизија“ при Економскиот факултет во Скопје. Според резултатите што ги добивме од истражувањето, сметаме дека високата надворешна и внатрешна мотивираност на студентите доведува до зголемување на длабинскиот пристап на учење по предметите Ревизија и Интерна ревизија, односно сè повисоката надворешна мотивираност кај студентите придонесува за постигнување на сè повисоки и подобри резултати по предметите Ревизија и Интерна ревизија, а со тоа и зголемување на интересот за учење и постигнување на своите лични цели.


Publisher: Annual of the Faculty of Economics - Skopje


Relation: Годишник на Економски факултет - Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/4768
Identifier: 0489-0922
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4768



TitleDateViews
Односот помеѓу пристапот на учење, мотивацијата и постигнатите резултати201625