Home | Repositories | Statistics | About



Subject: портфолио, берзански индекси, диверзификација, интегрираност, корелација.


Year: 2016


Type: Article



Title: РЕЛАЦИИ НА ПОВРЗАНОСТ МЕЃУ БАЛКАНСКИТЕ БЕРЗИ И МОЖНОСТИ ЗА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА


Author: Арсов, Сашо



Abstract: Во трудот се истражува степенот на усогласено движење на пазарите на капитал на неколку балкански земји, во контекст на создавањето на заедничка платформа за тргување од страна на берзите во Скопје, Софија и Загреб. Анализата на коефициентите на корелација помеѓу набљудуваните берзански индекси за периодот 2005-2015 година покажа дека корелираноста за целиот овој период е на високо ниво, но и дека таа во последниве години е значително намалена во однос на нивото од пред 5-6 години, што отвора можности за диверзификација на ризикот. Корелацијата е највисока во периодот на т.н. берзански бум, кој се одликува и со најголема волатилност на пазарите, што го потврдува постоењето на т.н. епидемија, односно ширење на заразата, карактеристична за пазарите ширум светот. Анализата на Гренџеровата каузалност врз основа на моделот на векторска авторегресија покажува дека помеѓу одделни пазари постојат силни врски на каузалност, односно временска последователност на трендовите, сознание кое може да ги подучи инвеститорите да ги следат сигналите што доаѓаат од пазарите кои предводат во однос на оние кои ги следат пазарните движења.


Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет, 2016



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/4763
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4763



TitleDateViews
РЕЛАЦИИ НА ПОВРЗАНОСТ МЕЃУ БАЛКАНСКИТЕ БЕРЗИ И МОЖНОСТИ ЗА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА201613