Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Виенска конвенција, меѓународна продажба на стоки, подрачје на примена, меѓународно трговско право.


Year: 2018


Type: Journal Article



Title: Примена на "Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки" во меѓународната трговија


Author: Коцев, Љубен



Abstract: Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки (во понатамошниот текст „Виенска конвенција“) претставува еден од најзначајните инструменти во меѓународната трговија, чија главна цел е унификација на одредбите за меѓународната продажба на стоки. Од интерес на страните при склучување на договори е да знаат на кои правила ќе подлежи нивниот договорен однос, и при евентуално настанување на спор да се примени право што ќе им биде познато. Конвенцијата како меѓународен инструмент што е универзално признат и има широка распространетост, е поприфатлива за страните отколку примена на национално право кое може да биде потполно непознато за една или пак за сите договорни страни. Со оглед на фактот дека Конвенцијата врши унификација на меѓународното право за продажба на стоки преку приближување и усогласување на различни правни системи и правни филозофии, нормално е тоа што таа во себе вклучува и одреден број на иновативни концепти, кои претставуваат своевиден компромис помеѓу различните правни системи. Како резултат на тоа, Конвенцијата е предмет на научни истражувања и расправа до денешен ден. Во текстот се обработува подрачјето на примена на Конвенцијата, односно исполнувањето на условите за примена. Се врши анализа на одредбите кои ги поставуваат границите за нејзината примена, како и на можноста за паралелна примена со други инструменти и правни правила. Трудот дава осврт и на примената, влијанието и значењето на Виенската конвенција во Република Македонија, како и улогата на Конвенцијата во развојот на правото на трговска


Publisher: Економски факултет - Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет - Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/4730
Identifier: Коцев, Љ. (2018). Примена на "Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки" во меѓународната трговија. Годишник на Економски Факултет - Скопје, том 53, 187-201.
Identifier: 0489-0922
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4730



TitleDateViews
Примена на "Конвенцијата на Обединетите Нации за меѓународна продажба на стоки" во меѓународната трговија201827