Home | Repositories | Statistics | About



Subject: банкарски сектор, нето-каматна маргина, оперативни трошоци, анализа на обвиени податоци, CCR модел


Year: 2014


Type: Other



Title: МЕРЕЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Author: Наумовска, Елена
Author: Цветкоска, Виолета



Abstract: Ефикасноста во работењето на банките претставува критичен фактор за опстанок во услови на технолошки иновации, банкарски консолидации и засилена конкуренција во доменот на финансиските услуги. Во фокусот на вниманието е контролирањето на трошоците и понудата на квалитетни производи и услуги по прифатливи цени. Предмет на анализа на овој труд е мерењето на ефикасноста на банкарскиот сектор во Република Македонија (РМ) од два аспекти: прво, од аспект на вредноста на индикаторите за ефикасност на банкарскиот сектор на Република Македонија во споредба со земјите од Централна и Југоисточна Европа (ЦЈИЕ) и второ, од аспект на релативната ефикасност на секоја поединечна банка во рамките на целокупниот банкарски сектор, констатирана при примена на непараметарската методологија - анализа на обвиени податоци (DEA) и излезно-ориентиран CCR модел. Основна цел на овој труд е преку анализа на оствареното ниво на ефикасност на секоја поодделна банка во рамките на целокупниот банкарски сектор на РМ да се потенцираат банките кои во периодот 2007 – 2013 година бележат најниско и највисоко ниво на ефикасност и да се укаже на клучните подрачја на кои е неопходно да се дејствува за да се постигне поголема ефикасност при финансиското посредување во иднина. Дополнително, трудот има за цел преку констатирање на достигнатото ниво на ефикасност на целокупниот банкарски сектор на РМ во споредба со земјите од ЦЈИЕ во последните 10 години, да укаже на слабостите на домашниот банкарски сектор кои се причинители за помалку ефикасното работење и кои во иднина треба да се минимизираат следејќи го примерот на земјите кои бележат повисок степен на ефикасност во доменот на банкарското работење.


Publisher: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Economics - Skopje, Skopje


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/4072
Identifier: Naumovska, Elena; Cvetkoska, Violeta. Measuring the Efficiency of the Banking Sector in the Republic of Macedonia. Annual Collection of the Faculty of Economics – Skopje, 49, 2014, 221-238 .
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/4072



TitleDateViews
МЕРЕЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА НА БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА201426