Home | Repositories | Statistics | About



Subject: коинтеграција, векторски модел со корекција на грешка, инфлација, инфлација во евро зоната, инфлаторна инерција, Република Македонија


Year: 2014


Type: Thesis



Title: „Примена на векторските авторегресивни модели во макроекономското моделирање“


Author: Трпкова несторовска, Марија



Abstract: Овој труд има две цели. Првата цел е на сеопфатен и едноставен начин да ги прикаже концептите на нестационарност, тестовите на единечен корен, концептот на коинтеграција, векторските авторегресивни модели, векторските модели со корекција на грешка и нивното значење во моделирањето на макроекономските временски серии. Втората цел на овој труд е да изврши успешна примена на наведените концепти при анализирањето и моделирањето на инфлацијата во Република Македонија. Со користење на векторскиот модел со корекција на грешка со блок егзогени ограничувања и коинтеграцијата на избраните променливи интегрирани од прв ред се изготвени модели кои потврдуваат дека најважна детерминанта на инфлацијата на Република Македонија е инфлацијата во евро зоната. Во групата на фактори кои ја диктираат домашната инфлација се вбројуваат цената на нафтата на светските пазари, увозот на стоки, монетарниот агрегат М1 и инфлаторната инерција. Во трудот е елаборирано дејството кое наведените фактори го имаат врз инфлацијата, нивниот интезитет, насока на дејствување и времетраење. Креирани се два модела и двата предвидуваат дека стапката на инфлација ќе се намалува во 2014 година. Намалувањето на инфлацијата е логично, бидејќи со моделите е потврдена зависноста на домашната инфлација од инфлацијата во евро зоната, каде што според најновите извештаи, веќе постои реален ризик од дефлација и каде што се преземаат конкретни мерки за регулирање на оваа неповолна тенденција. Авторот смета дека сериозна дефлација не е сценарио за Република Македонија, но многу е веројатно намалување на домашната инфлација во месеците што следат, тврдење што официјалните статистики веќе го потврдуваат. Моделите ги идентификуваат клучните детерминанти на инфлацијата и предвидуваат реални оценки за стапката на инфлација, што укажува дека векторските авторегресивни модели се моќни и исклучително применливи модели во макроекономските истражувања


Publisher: Faculty of Economics-Skopje


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/3078
Identifier: Trpkova, M. 2014 „Примена на векторските авторегресивни модели во макроекономското моделирање“, Докторска теза, Економски факултет-Скопје, УКИМ, Скопје
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/3078



TitleDateViews
„Примена на векторските авторегресивни модели во макроекономското моделирање“201427