Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Македонија, Ацо Шопов, поезија, татковина, творечка фаза.


Year: 2023


Type: Article



Title: Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов?


Author: Мојсова-Чепишевска, Весна
Author: Антоновски, Иван



Abstract: Препрочитувањето на последната книга на Ацо Шопов, „Дрво на ридот“ (1980), упатува кон согледба дека во неа, за првпат во неговиот опус дотолку експлицитно е сеприсутна Македонија – речиси во секоја песна. Но, тоа и ја отвора дилемата – каде е Македонија во поезијата на Шопов? Зошто токму во последната своја книга, Шопов дотолку инсистира да ја споменува Македонија? Дали нејзината експлицитна присутност во оваа книга и претходно реферирањето кон татковината во збирката „Песна на црната жена“ (1976) се прво пројавување на Македонија во неговата поезија? Или всушност, Македонија е постојано присутна во поезијата на Шопов, а во оваа аманетна книга се пројавува експлицитно? Во потрагата по одговори на овие прашања, со исчитување на севкупниот опус на Шопов, во трудот се доаѓа до теза-заклучок дека Македонија е постојано присутна во неговата поезија, од првата до последната книга, при што во секоја негова творечка фаза е присутна во различна форма, соодветна на особеностите со кои таа фаза се одликува. Анализата во трудот, согледувајќи ја Македонија како дел од авторовата интимност, и вопоставувајќи синтези меѓу поезијата и искажувањата на Шопов надвор од поетската реч, отвора и други прашања. Меѓу другите и прашањето колку поезијата на Шопов е интимистичка само во една фаза или сите фази на неговото творештво се различни форми на поетски интимизам. Притоа се претставува и тезата-заклучок дека во поезијата на Шопов постојано има некоја спрега меѓу колективното и индивидуалното (и обратно), во патувањето од себеси до својата небиднина.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, Штип


Relation: Меѓународна научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, Штип, 25 и 26 мај 2023 година



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/30171
Identifier: Мојсова-Чепишевска, В и Антоновски, И. 2023. „Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов?“. Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“. Штип: Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, 97-108.
Identifier: 978-608-277-017-8
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30171
Identifier: 97
Identifier: 108



TitleDateViews
Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов?20239