Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Блаже Конески, рана творечка фаза, македонска поезија, проста и строга македонска песна, поетика.


Year: 2023


Type: Article



Title: Простата и строга песна во најраната творечка фаза на Конески


Author: Антоновски, Иван



Abstract: Трудот е посветен на поезијата од најраната творечка фаза на Блаже Конески (1938/9 - 1941), односно на неговите први поетски обиди остварени во раната младост, при што како примарен извор се користи архивска граѓа од неговата оставнина. Посебно внимание во трудот се посветува на поезијата на Конески од овој период којашто е создадена на македонски народен јазик, започнувајќи од неговата прва песна напишана на македонски јазик „Писмо на една мајка“, датирана на 10 март 1939 година. Целта на истражувањето е да се анализираат поетичките особености на поетските почетоци на Конески во контекст на поетичките особености на неговото натамошно поетско творештво. Притоа се отвора прашањето дали поетичките специфики коишто ја дефинираат простата и строга македонска песна е одлика и на оваа фаза од творечкиот пат на великанот, при што се анализира и колку неговото поимање на актуализацијата и следствено иновацијата се препознава во неговите најрани поетски текстови. Констатациите од анализата упатуваат кон согледба дека и во оваа најрана творечка фаза на Конески се забележуваат поетички особености коишто потоа ќе ја дефинираат поетиката на простата и строга македонска песна, како на тематско-мотивски план, така и во однос на стилот. Едновремено се доаѓа до согледба и дека овие песни (барем оние коишто се зачувани) се исто така клучни за реконструкција на лирската биографија на Конески. Значењето на оваа творечка фаза на Конески за неговиот творечки опус, во трудот се оценува и преку присуството на дел од песните од најраниот период во негови книги, пред сè во збирката „Песни“ (1953).


Publisher: Univerzitet Crne Gore, Filološki fakultet Nikšić


Relation: Njegoševi dani 9, Тivat, 7-10. 9.2022. godine



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/30166
Identifier: Антоновски, И. 2023. „Простата и строга песна во најраната творечка фаза на Конески“. Zbornik radova Njegoševi dani 9. Nikšić: Univerzitet Crne Gore, Filološki fakultet Nikšić, 209-218.
Identifier: 978-9940-694-38-8
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30166
Identifier: 209
Identifier: 218



TitleDateViews
Простата и строга песна во најраната творечка фаза на Конески202310