Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Блаже Конески; поезија; „Проста и строга македонска песна“; тематско-мотивски блокови; лирска биографија


Year: 2023


Type: Article



Title: Проста и строга македонска песна како лирска биографија на Конески


Author: Мојсова-Чепишевска, Весна
Author: Антоновски, Иван



Abstract: : Грамофонската плоча „Проста и строга македонска песна“ издадена во 1981 година, по повод шеесетгодишнината од раѓањето на Блаже Конески е најмалиот по обем избор од неговото поетско творештво. Се чини дека самиот тој не само што е присутен и како интерпретатор / рецитатор на сопствената поезија, туку има учествувано и во подготовката на изборот, како впрочем и при подготовката на сите избори од неговото творештво објавени во текот на неговиот животен век. Во изборот објавен 12 години пред физичкото заминување на Конески, покрај дел од најпознатите и најанализираните, поместени се и песни коишто ретко се коментирани и на коишто книжевната наука ретко им се навраќа – песни коишто досега не биле застапени во поетските антологии, а сигурно има причина зошто Конески инсистирал или прифатил токму тие да бидат дел од ова издание. По микрочитање на сите застапени песни, особено преку анализа на односот меѓу лирскиот субјект и лирскиот објект во контекст на конкретната тема или мотив, се доаѓа до заклучок дека тие се дел од она што Атанас Вангелов би го нарекол лирска биографија на Конески – песни коишто го претставуваат она што е лиризирана интимност на Конески. Во трудот се прави обид токму преку овие песни да се издвојат кодовите на лирската биографија на Конески, преку тематско-мотивски блокови коишто ги претставуваат песните застапени на плочата издадена во 1981 година, а коишто се присутни / повторливи во речиси сите творечки фази на Конески.


Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“


Relation: Меѓународен научен собир 100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет: Скопје, 13–14 декември 2021 г. /



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/30164
Identifier: Мојсова-Чепишевска, В. и Антоновски, И. 2023. „Проста и строга македонска песна како лирска биографија на Конески“. Меѓународен научен собир 100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет. Скопје: Филолошки факултет Блаже Конески“, 367-376.
Identifier: 978-608-234-100-2
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30164
Identifier: 367
Identifier: 376



TitleDateViews
Проста и строга македонска песна како лирска биографија на Конески20239