Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Анте Поповски, есеј, поезија, медиевистика


Year: 2022


Type: Article



Title: Тајнописот во есеите на Анте Поповски


Author: Антоновски, Иван



Abstract: Трудот е посветен на есеистичкото творештво на Анте Поповски, со посебен осврт кон медиевистиката како Антев творечки предизвик. Поаѓајќи од согледбата дека интерпретацијата и вреднувањето на творечкиот опус на Анте Поповски би било нецелосно без исчитување на неговите есеи и без нивна анализа во контекст на севкупниот творечки влог на Поповски, се согледува и комплексноста на есеите на Поповски, заради што тие и не може едноставно да се категоризираат според постојните типологии на есејот. Едновремено се анализира и поврзаноста на есеистичкото со поетското творештво на Поповски. Со целосна насоченост исклучиво кон сегментот на есеистичкото творештво посветено на средновековието, се согледува пристапот на Поповски во анализирањето на средновековниот книжевен текст – иновативен не само во текот на XX век, туку и денес, во него препознавајќи пристап којшто недостига на медиевистиката во нашиот книжевен и научен контекст. Трудот отвора и неколку прашања коишто се препознаваат како натамошен предизвик во анализирањето и коментирањето на есеистичкото творештво на Анте Поповски. Клучното завршно прашање е Дали есејот на Анте е само есеј?


Publisher: Каламус


Relation: Меѓународен научен симпозиум „Антево дело“, Лазарополе, 25 септември 2021 година



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/30155
Identifier: Антоновски, И. 2022. „Тајнописот во есеите на Анте Поповски“. Зборник на трудови – Меѓународен научен симпозиум „Антево дело“, Лазарополе, 25 септември 2021 година. Скопје: Каламус, 99-108.
Identifier: 978-608-4646-38-9
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30155
Identifier: 99
Identifier: 108



TitleDateViews
Тајнописот во есеите на Анте Поповски20229