Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Блаже Конески, Весна Мојсова-Чепишевска, «Конески како тестамент», книжевна историја, книжевна критика, Македонија


Year: 2022


Type: Article



Title: Клучната книга за Блаже Конески и неговото творештво како тестамент – ново капитално дело на современата македонска филологија


Author: Антоновски, Иван



Abstract: Текстот се однесува на едно од најзначајните остварувања на македонската филологија посветени на стожерната личност на современата македонска наука и култура и на севкупниот македонски XX век, Блаже Конески, не само меѓу објавите во текот на минатата 2021 година, кога се одбележаа 100 години од неговото раѓање, туку воопшто во периодот од заокружувањето на неговиот творечки опус (1993) наваму – книгата «Конески како тестамент» од Весна Мојсова-Чепишевска (Скопје: Матица македонска, 2021). За разлика од други авторски книги посветени на Конески во изминатите две-три децении, во коишто доминира синтезата меѓу мемоарското и научното, во оваа книга е присутен исклучиво научниот пристап во исчитувањето на текстот и вреднувањето на делото. Оваа книга дава нова насока за препрочитување, анализирање и вреднување на делото на Конески, со низа конкретни заклучоци и согледби кои треба да претставуваат појдовна точка при натамошните истражувања. Меѓу тие заклучоци и согледби се вбројува и дефинирањето на творештвото на Конески како нулта точка на македонската култура. Едновремено, со оваа книга се отвораат прашања и се анализираат сегменти од делото на великанот, коишто претходно не се согледани или потемелито анализирани и коментирани од македонската книжевна наука. Во анализата и вреднувањето на оваа книга, во текстот покрај овие прашања се коментира и иновативниот, единствен книжевно-теориски, историографски и кулутуролошки пристап што Мојсова-Чепишевска го применува во двете целини на книгата. «Конески како тестамент» претставува ново поглавје на вреднувањето на делото на Конески во македонската научна и културна средина – книга која во времето пред нас ќе биде клучна референца за секое книжевнонаучно или култролошко проучување на делото на великанот.


Publisher: Philological faculty of Lomonosov MSU Moscow, Russia


Relation: Project of Philological faculty of Lomonosov MSU Moscow, Russia



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/30151
Identifier: “The Key Book about Blazhe Koneski and his Opus as a Will – New Capital Work in the Contemporary Macedonian Philology“. Stephanos: peer reviewed multilanguage scientific journal of Philological faculty of Lomonosov MSU Moscow, Russia No. 2022#6 (56), 142-148.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30151
Identifier: 10.24249/2309-9917-2022-56-6-141-148
Identifier: 142
Identifier: 148



TitleDateViews
Клучната книга за Блаже Конески и неговото творештво како тестамент – ново капитално дело на современата македонска филологија202210