Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Блаже Конески, драмски текст, „Гладна кокошка просо сонуе“, македонски театар, едночинка, повоена македонска книжевност


Year: 2022


Type: Article



Title: Младиот Конески и драмскиот текст


Author: Антоновски, Иван



Abstract: Текстот поаѓа од фактот дека во анализите и валоризацијата на творечкиот опус на Блаже Конески, неретко, се изостава или само попатно, без позначајни анотации се споменува неговиот влог во македонската драма и театар во периодот по Втората светска војна, првенствено со напомнување на неговиот работен ангажман во Македонскиот народен театар. Притоа, одделно се задржуваме на препрочитување на драмскиот текст „Гладна кокошка просо сонуе“, којашто иако е едночинка, всушност е првиот публикуван и изведен драмски текст од македонски автор во повоена Македонија. Драмскиот текст се анализира и од книжевна и од културолошка перспектива. Од една страна се анализира согласно со книжевно-теориските поимања за драмскиот текст, но едновремено, имајќи го во предвид и општествено-политичкиот контекст во времето на неговото настанување, во него се препознаваат и мисловни, општествено- критички суптилности на младиот Конески. Текстот одново ги актуализира прашањата за опфатот на влогот на Конески во севкупната македонска современа култура.


Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура


Relation: XLVIII Меѓународна научна конференција на LIV Летна школа на меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура : Охрид, 3 и 4 септември 2021 година



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/30150
Identifier: Антоновски, И. 2022. „Младиот Конески и драмскиот текст“. XLVIII Меѓународна научна конференција на LIV Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (Охрид, 3 и 4 септември 2021 година). Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 569-578.
Identifier: 978-9989-43-474-7
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30150
Identifier: 569
Identifier: 578



TitleDateViews
Младиот Конески и драмскиот текст202211