Home | Repositories | Statistics | About



Subject: мини-есеј, нацрт-есеј,Горан Стефановски, конзервирани импресии, форма, есеј.


Year: 2021


Type: Article



Title: Мини-есејот како форма во есеистичкиот опус на Горан Стефановски


Author: Антоновски, Иван



Abstract: Иако формата мини-есеј или нацрт-есеј сѐ уштене е цврсто нормирана во книжевната теорија, нејзиното присуство во книжевниот простор не може да се занемари, дотолку повеќе што таа се вбројува меѓу најчесто присутните форми на искажување на авторското есеистичко Јас во нашата современост. Оттука, оваа книжевна форма заслужува осврнување во критичко-теориското исчитување на современата книжевност, вклучително и на одделни творечки опуси, што може да доведе и до нови теориски согледби. Овој труд се осврнува на нејзиното присуство во есеистичкиот опус на Горан Стефановски, преку „конзервираните импресии“ од коишто повеќето за првпат се објавени во осмата и деветтата деценија на минатиот век. При нивното исчитување во контекстот на севкупното есеистичко творештво на Стефановски, мини или нацрт-есејот се потврдува како ексклузивитет на книжевниот есеизам. Согледувајќи го есеистичкото творештво на Стефановски како резултат на творечко-мисловен процес, овој труд упатува дека „импресиите“, како мини или нацрт-есеи, може да се сметаат за прва фаза на процесот во којшто есеизираните перцепции и размислувања за идентитетските прашања и дилеми присутни во еден дел од нив, коишто се тематско-мотивска доминанта на неговите натамошни есеи, минуваат низ творечко-мисловна, а истовремено и низ искуствено-когнитивна опсервирачка иницијација, со што еволуира нивната експликација во есеистичкиот текст до фазата на хипер-есеј. Прочитот од трудот, едновремено упатува и на заклучокот дека есеизмот не треба и не може во целост да се смета за многу подоцнежна пројава во творештвото на Стефановски, како и дека тематско-мотивските доминанти на неговите подоцнежни есеи не треба да се поврзуваат исклучително со состојбата на доброволен дводомен егзил и постјугословенскиот контекст.


Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, Штип


Relation: Палимпсест / Palimpsest



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/30145
Identifier: Antonovski, I. (2021). MINI-ESSAY AS A FORM IN GORAN STEFANOVSKI’S ESSAYISTIC WORKS. PALIMPSEST / ПАЛИМПСЕСТ, 6(11), 191-200. https://doi.org/10.46763/PALIM21116191a
Identifier: 2545-3998
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30145
Identifier: https://doi.org/10.46763/PALIM21116191a
Identifier: 191
Identifier: 200



TitleDateViews
Мини-есејот како форма во есеистичкиот опус на Горан Стефановски20219