Subject: Агилност, методологија, менаџмент
Year: 2022
Type: Article
Title: ПРИМЕНА НА АГИЛНИ ИЛИ ТРАДИЦИОНАЛНИ МЕТОДИ ПРИ МЕНАЏИРАЊЕ НА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ
Author: Ангела Митковска, Невенка Китева Роглева
Abstract: Во текот на изминатите неколку децении, науката и инженерингот се во подем да развијат нови и подобрени методи за менаџирање и управување со комплексни електроенергетски проекти од профилот на дизајнирање и изведба на среднонапонски и нисконапонски инсталации, развој на модерни технолошки решенија во автоматиката и слично. Моменталната, класична методологија за управување со проекти манифестира одредени ограничувања соочувајќи се со рапидната, технолошка еволуција на електроенергетиката и неконзистентните барања на пазарот. Прашањето е дали и како е можна примена на агилни методологии и дали е можна комбинација на овие два пристапи во единствена методологија за управување со проекти? Кои се разликите, придобивките и ограничувањата на овие два пристапа од гледна точка на инженерите? Како може да се постави модел за да се избере најсоодветниот пристап за конкретен проект? Трудот опфаќа темелен преглед на литературата и започнува со дефиниција на пристапот и на методологијата за управување со проекти. Истражувањето е спроведено на реален проект и се однесува на следните категории: опсег, време, трошоци, контекст на организацијата и проект-тим карактеристики. Трудот дава основа за понатамошни истражувања за примена на различни пристапи и методологии за управување со проекти.
Publisher: International Conference ENERGETISC 2022
Relation: ISBN 978-608-4764-14-4;
Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/29941
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29941