Home | Repositories | Statistics | About



Subject: насилство, булинг, безбедност, превенирање


Year: 2023


Type: Monograph



Title: Превенција од ризици и рано предупредување од насилство - (НЕ)Безбедност во Училиштата


Author: Георгиевска, Софија
Author: Стојаноска Иванова, Татјана
Author: GJurovski, Marjan



Abstract: Насилството врз децата е еден од најсериозните проблеми коj го загрозуваат нивниот развој, здравјето и добросостојбата, основните права, достоинството и можат да го доведат во прашање детскиот живот. Тоа се случува насекаде, во домот, училиштата или другите институции за детска грижа, на улиците. Голем дел од насилството врз децата останува скриено. Децата се плашат да го пријават заради стравот и поврзаноста со насилникот или затоа што насилството не го сметаат за нешто погрешно или невообичано туку како оправдана и неопходна казна за своите постапки. Децата жртви на насилство може да се чувствуваат виновни и да веруваат дека го заслужиле. Низ историјата, но и денес во различни култури физичкото казнување било и сеуште е еден од начините на дисциплинирање и воспитување на децата како во семејствата така и во училиштата.


Publisher: Филозофски факултет-Скопје, Универзитет „Св.Кирил и Методиј„-Скопје


Relation: Публикацијата е резулат на научно-истражувачкиот проект „Безбедноста во училиштата - градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“ финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2022/23 година на Филозофскиот факултет – Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/29596
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29596



TitleDateViews
Превенција од ризици и рано предупредување од насилство - (НЕ)Безбедност во Училиштата202318