Home | Repositories | Statistics | About



Subject: политички систем, демократија, владеење на правото, транзициона правда, ветинг, јавна администрација, работен однос


Year: 2023


Type: Journal Article



Title: (ЗЛО)УПОТРЕБАТА НА ВЕТИНГОТ ПРИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС


Author: Krtolica, Marko



Abstract: Низ пошироката јавност во нашата држава често се заговара спроведувањето на ветинг. Таквото заговарање на ветингот најчесто станува актуелно при обе- лоденување на големи корупциски скандали, скандалозни судски одлуки, непоти- зам, партитокрација итн. Станува збор за механизам кој треба да придонесе кон прочистување на државните институции од некомпетентни и корумпирани кадри. Сепак, ваквото заговарање на ветинг во нашата држава е следено без поголема научна дебата. Таквата научна дебата е потребна бидејќи ветингот претставува еден од најконтроверзните механизми на транзиционата правда. Токму затоа транзиционоправната наука најчeсто ветингот го предлага како решение од крајна нужда, односно во состојба кога редовните институции не по- седуваат капацитет да се справат со степенот на корупција. Притоа, науката и релевантните меѓународни организации нудат насоки како еден процес на ветинг треба да биде креиран и спроведуван. Придржувањето до овие насоки е од клучна важност за целиот процес бидејќи ветингот како механизам поседува капаци- тет да биде злоупотребен за партиско-политички цели. Таквата злоупотреба на ветингот на крајот може да доведе до уште полоша состојба во едно општест- во. Таквата лекција македонското општество ја научи преку спроведувањето на скандалозниот процес на лустрација. Затоа, трудот има за цел да го дефинира ветингот, да ги разгледа предностите и слабостите на овој механизам, но и да ги разгледа насоките од релевантните меѓународни организации околу креирањето и спроведувањето на ветингот како механизам на транзиционата правда.


Publisher: Здружение за трудово и социјално право на Северна Македонија


Relation: Свет на работата: Македонско научно и стручно списание за трудово и социјално право, Година 1 Број 1/2023



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/29068
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29068



TitleDateViews
(ЗЛО)УПОТРЕБАТА НА ВЕТИНГОТ ПРИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС202319