Home | Repositories | Statistics | About



Subject: граматика, француски јазик, учебник, средно образование


Year: 2020


Type: Article



Title: Граматиката во учебниците по француски јазик за средно образование


Author: Милена Касапоска-Чадловска



Abstract: При изучувањето на францускиот јазик граматиката отсекогаш им претставувала голем предизвик на македонските ученици. Генерално, кај нив преовладува впечатокот дека францускиот јазик и неговите граматички правила се едни од најкомплицираните меѓу граматиките на странските јазици кои се застапени во македонскиот образовен систем. Поттикнати од тоа, сакавме да дознаеме дали тој впечаток можеби се должи на обемот во кој е застапена граматиката во учебниците, на начинот на кој се претставени граматичките правила или на несоодветноста на понудените граматички вежби. Поконкретно, наш предмет на интерес во трудот се граматичките содржини во учебните помагала по француски јазик во македонското средно гимназиско образование. Анализата ќе опфати дел од учебниците кои се одобрени за работа на ова образовно ниво, односно: Agenda 2 (Hachette) и Version Originale 3 (Maison des Langues). Првиот аспект кој ќе биде разгледан се однесува на граматичкиот пристап кој е застапен во секој учебник поединечно, додека вториот аспект го опфаќа типот на вежби кои се предложени за усвојување на граматичките содржини. Нашата цел е да провериме дали граматичките содржини и начинот на кој тие се претставени во учебниците одговараат на современите пристапи во методиката на странскиот јазик.


Publisher:


Relation: Зборник трудови од Петта меѓународна научна конференција „Филко: филологија, култура и образование“



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/29051
Identifier: 978-608-244-787-2
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29051



TitleDateViews
Граматиката во учебниците по француски јазик за средно образование202015