Year: 2023
Type: Article
Title: Ендофталмитиси
Author: Петрушевска А.
Author: Сотировски Б.
Author: Ѓошевска Даштевска Е.
Author: Цветковиќ Сандева Ј.
Author: Божиноски А.
Abstract: Ендофталмитис е воспаление на внатрешните обвивки на окото, како резултат на интраокуларна колонизација на инфективни агенси, со ексудација во стаклестото тело и очната водичка. За постигнување на најоптимален исход по видната функција есенцијални се рана дијагноза и третман. Типот или категоријата на ендофталмитис влијаат врз клиничката презентација, микробиолошкиот наод и исходот по однос на видната функција. Во одредување на терапискиот пристап, потенцијалниот каузативен микроорганизам и степенот на окуларна инволвираност треба да ја одредат агресивноста на терапијата. Ендофталмитисот е една од најсериозните офталмолошки состојби, која бара итна медицинска помош и третман за да се спаси видот или да се спаси интегритетот на окото.
Publisher: SHMSHM - AAMD
Relation: Medicus
Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/28991
Identifier: 1409-6366
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28991