Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2023


Type: Article



Title: Коронавирусот кај бремени пациентки и нивните клинички исходи – резултати од студија на случај-контрола


Author: Kadriu, Romir
Author: Demiri, Ilir
Author: Dimitrov, Goran



Abstract: ОСНОВА: Избувнувањето на  КОВИД-19, предизвикано од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, поттикна обемни истражувачки напори за разбирање на неговите разновидни клинички презентации и влијанија врз различни популации на пациенти. Меѓу овие популации, бремените жени привлекоа значително внимание поради загриженоста за потенцијалните последици од  КОВИД-19 за време на бременоста. ЦЕЛ: Примарната цел на оваа студија е да одреди дали бремените пациентки со САРС-КоВ-2 искусиле различни исходи од небремени пациентки на иста возраст, во однос на исходите од акутната епизода, како потреба од кислородна терапија и исход од лекувањето.Секундарна цел на студијата е да се одреди присуството на ризик факторите за исход од инфекција со САРС-КоВ-2, како присуството на коморбидитети, но и нивото на различни лабораториски маркери за време на хоспиталниот престој, и нивните разлики помеѓу случаите и контролите. МЕТОДИ: Како случаи беа дефинирани пациентките кои имаа 1) наод кој ја потврдува нивната бременост (ултразвучен наод) достапен во нивната документација или електронски картон, 2) позитивен тест за САРС-КоВ-2, базиран на PCR-метода, како и 3) симптоматологија од горниот респираторен систем или системски знаци. Како контролни пациентки беа дефинирани исто како случаите, но со податок дека не се бремени. За време на болничкиот престој, кај сите пациенти беа рутински одредувани повеќекратни лабораториски мерења на параметри од периферна крв, вклучувајќи комплетна крвна слика (еритроцити, леукоцити, тромбоцити и диференцијална крвна слика), ц-реактивен протеин, активност на лактатна дехидрогеназа и ниво на д-димери. Статистичката анализа беше спроведена со користење на соодветен софтвер (SPSS). За да се сумираат карактеристиките на испитуваната популација се користеа описни статистички податоци, вклучувајќи средини, стандардни отстапувања и проценти. РЕЗУЛТАТИ: Најдени се статистички значајно помали вредности кај бремените жени за заситување со кислород и бројот на тромбоцити, додека е најдено статистички значајно зголемување на бројот на леукоцити, Д-димери,  уреа и глукоза. Постојат статистички значајни разлики анализирани со Хи-квадрат тест кај варијаблите неинвазивна вентилација, специфична терапија за корона (remdesivir, tocilizumab, favipiravir), шеќерна болест и друга дијагноза која може да влијае на исходот од САРС-КоВ-2. ЗАКЛУЧОЦИ: Овие наоди покажуваат дека бремените жени може да имаат различни клинички профили кога се погодени од КОВИД-19, нагласувајќи ја важноста на приспособените стратегии за здравствена заштита за оваа популација.


Publisher: Scientific Foundation SPIROSKI


Relation: Macedonian Medical Electronic Journal



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/28985
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28985
Identifier: 10.3889/mmej.2023.6107
Identifier: https://www.id-press.eu/mmej/article/download/6107/5636
Identifier: https://www.id-press.eu/mmej/article/download/6107/5636
Identifier: 3
Identifier: 1
Identifier: 1
Identifier: 6



TitleDateViews
Коронавирусот кај бремени пациентки и нивните клинички исходи – резултати од студија на случај-контрола202316