Home | Repositories | Statistics | About



Subject: шизофренија
Subject: позитивни симптоми
Subject: негативни симптоми
Subject: когнитивна проценка
Subject: експресивна супресија


Year: 2023


Type: Proceeding article



Title: Поврзаност меѓу позитивните и негативните симптоми и емоционална регулација кај пациентите со шизофренија


Author: Таири, Фатиме
Author: Наумовска, Андромахи
Author: Станковска, Гордана



Abstract: Вовед: Шизофренијата претставува ендогено ментално растројство кое се карактеризира со присаство на позитивни и негативни симптоми на нарушувањето, што секако се одразува врз нивниот емотивен живот. Цел: Основна цел на истражувањето беше да ја утврдиме поврзаноста меѓу позитивните, негативните симптоми и емоционалната регулација кај пациентите со шизофренија. Метод: Во истражувањето беа вклучени 40 испитаници од машки и женски пол на возраст од 25 до 45 години, со дијагноза шизофренија поставена спрема дијагностичките критериуми - МКБ 10. Во текот на истражувањето ги применивме Скалата за проценка на позитивниот и негативниот синдром на шизофренијата - PANSS и Скала за регулирање на емоциите - ERQ. Статистичката анализа на податоците е направена со софтверскиот пакет SPSS (Statistical Package for the Social Science, version 20). Резултати: Во текот на истражувањето утврдивме дека средната вредност на скалата на позитивните симптоми кај нашата испитувана популација изнесуваше М=25.513, скалата на негативните симптоми имаше средна вредност М=29.313, когнитивната проценка на емоциите имаше средна вредност М=24.613, додека кај експресивната супресија добивме средна вредност М=18.575. Со примена на корелацијата по Spearman утврдивме дека е присатна статистички значајна корелација меѓу позитивните симптоми и когнитивната проценка на емоциите (rs=-.804, p<.01), позитивните симптоми и експресивната супресија (rs=-.766, p<.05), негативните симптоми и когнитивната проценка на емоциите (rs=-.827, p<.05), негативните симптоми и експресивната супресија (rs=.807, p<.01). Заклучок: Емоционалното функционирање претставува една од основните карактеристики на болеста, кое заедно со психопатолошките симптоми, влијае врз секојдневното функционирање на пациентите со шизофренија.


Publisher:


Relation: 7th Macedonian Psychiatric Congress



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/28967
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28967



TitleDateViews
Поврзаност меѓу позитивните и негативните симптоми и емоционална регулација кај пациентите со шизофренија202315