Home | Repositories | Statistics | About



Subject: интермедијалност, филм, театар, настан, репрезентација, ремедијација


Year: 2021


Type: Journal Article



Title: Нови аспекти на толкување на интермедијалноста


Author: Натали Рајчиновска Павлеска



Abstract: Предмет на анализа во оваа студија е преисчитувањето на медиумските конвергенции што се појавуваат во 1960-тите години од XX век, прикажа-но преку делото Prune. Flat. (1965) на уметникот Роберт Витман. Интерме-дијалноста, карактеристична за ова дело, e резултат на истовременото из-ведување перформанс и филмска проекција, кои во процесот на совпаѓање и на јукстапонирање создаваат медиумски специфичности, кои иманентно им припаѓаат на одвоени дисциплини. Нивното спојување генерира, според Р. Констеланец, медиум на проширен театар, а преисчитувањето има цел да покаже дека проширувањето се случува како дијалог меѓу различните дисциплини во нова уметничка форма, настанот, и како такво е проширу-вање не само на театарот туку и на филмот. Студијата има цел да покаже дека станува збор за суштински дијалектички принцип на обликување и на структурирање, преку примената на поимите коприсуство, прекинувачки механизам, монтажа, според Б. Брехт. Соодносот меѓу медиумските арти-кулации ги изложува границите на поетската одредливост и онтолошката валентност, го одредува авторскиот глас и гледната точка (М. Бал), поставу-вајќи го конфликтот меѓу структурните елементи на концептуално рам-ниште (С. Ејзенштајн). Студијата поминува низ генеалогијата на процесот на структурирање на делото, опфаќајќи референцијален ризом меѓу поет-скиот чин како чин на отпорот (според Џ. Агамбен) и различни теориски вкрстувања, кои низ дедуктивен пристап ја преиспитуваат ремедијацијата, како формулација на нова естетска материјалност.


Publisher: JOURNAL OF CONTEMPORARY PHILOLOGY


Relation: Vol 4 No 1;



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/28715
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28715
Identifier: https://doi.org/10.37834/JCP2141



TitleDateViews
Нови аспекти на толкување на интермедијалноста202111