Home | Repositories | Statistics | About



Subject: продуктивност, реална нето-плата, индустрија, земјоделство


Year: 2015


Type: Article



Title: ПРОДУКТИВНОСТА НА ТРУДОТ И РЕАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПОСТКРИЗНИОТ ПЕРИОД


Author: Трпески, Предраг



Abstract: Трудот има за цел да го испита односот помеѓу продуктивноста на трудот и реалните нето-плати во Република Македонија, како на ниво на целата економија, така и во секторите индустрија и земјоделство, во периодот 2006-2014 год., односно непосредно пред започнувањето и по Големата светска економска криза. Во трудот се тргнува од претпоставката дека поголемата продуктивност на трудот предизвикува промени во реалните нето- плати и дека таквите промени се во иста насока. Истражувањата што се претходно направени, покажуваат дека во периодот 1995-2003 година постои изразена квантитативна врска помеѓу продутивноста на трудот и реалните нето-плати во Република Македонија. Но, добиените резултати од истражувањето во овој труд покажуваат дека помеѓу продуктивноста на трудот и реалните нетоплати во анализираниот период не постои изразена квантитативна врска, па дури и нивните релации се со спротивен предзнак. Ова упатува на заклучок дека промените во продуктивноста на трудот не влијаеле или, пак, влијаеле многу малку, а во некои случаи влијанието е во спротивна насока, врз реалните нето-плати во Република Македонија и врз животниот стандард на граѓаните.


Publisher: Економски факултет - Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет-Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/2828
Identifier: Трпески, П.(2015). Продуктивноста на трудот и реалните плати во Република Македонија во посткризниот период. Годишник на Економски факултет- Скопје. Економски факултет- Скопје
Identifier: 0489-0922
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2828



TitleDateViews
ПРОДУКТИВНОСТА НА ТРУДОТ И РЕАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПОСТКРИЗНИОТ ПЕРИОД201511