Home | Repositories | Statistics | About



Subject: oстеопороза
Subject: ковид-19 пандемија
Subject: терапија
Subject: вакцинација


Year: 2022


Type: Article



Title: OSTEOPOROSIS DURING A PANDEMIC


Author: Petrova, Sanja
Author: Filip Guchev



Abstract: Вовед. Остеопорозата се дефинира како системско скелетно заболување кое се карактеризира со ниска коскена минерална маса и микроаритектурни нарушувања. Таа претставува болест кај која се намалува бројот на коскените гредички и нивната поврзаност. Истовремено доаѓа до намалување на кортикалната коскена густина, со што коските стануваат порозни, фрагилни и лесно кршливи. Цел. Презентација на препораките за третманот на остеопороза во услови на пандемија на Ковид-19, ризикот од инфекција, вакцинација и лекување во исто време. Методи. Направен е преглед на упатствата на водечките светски здруженија за коскено здравје и остеопороза од достапната литература. Како материjали се користени препораки и водичи за остеопороза на следните здруженија: Национална фондација за остеопороза (USA), Кралско здружение за остеопорозa на Велика Британија, Остеопороза Канада, Американското здружение за истражување на коските и минералите (ASBMR), Американското здружение за клиничка ендокринологија (AACE), Европското здружение за калцифицирано ткиво (ECTS), Меѓународната фондација за остеопороза (IOF ), и Националната фондација за остеопороза (NOF). Резултати. Направена е компилација на горе наведените упатства и препораки која претставува упатство за лекување на остеопорозата во време на пандемија со ковид-19. Остеопорозата не го зголемува ризикот од инфекција со ковид-19 и не влијае на компликациите на болеста. Нема докази дека терапијата за остеопороза го зголемува ризикот од инфекција и сериозноста на инфекцијата. Вакцините се безбедни и ефективни и не бараат промена во терапијата за остеопороза. Нема контраиндикации за вакцинација на пациенти со остеопороза, доколку немат и друго заболување за нив важат општите контраиндикации кои се однесуваат за сите. Заклучок. Пациентите со остеопороза не треба да ја прекинуваат тековната терапија во време пандемијата со ковид-19. Во услови на преоптеретеност на здравствениот систем дозволено е одложување на следната доза на антиостеопоротичен лек кое е различно по должина во зависност од лекот кој се користи. Вакцинацијата се препорачува независно од терапијата за остеопороза.


Publisher: Macedonian medical association/De Gruyter


Relation: Macedonian Medical Review



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/28182
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28182



TitleDateViews
OSTEOPOROSIS DURING A PANDEMIC202227