Home | Repositories | Statistics | About



Subject: вработеност, младо население, пазар на труд, Македонија


Year: 2017


Type: Article



Title: Анализа на вработеноста на младите на пазарот на труд во Македонија


Author: Цветаноска, Маријана



Abstract: Глобализацијата и технолошкиот напредок имаат големо влијание врз пазарите на труд ширум светот, а младите луѓе се соочуваат со голем број предизвици поврзани со ваквиот развој. Трендот на вработување на младите лица има тенденција да го промени пазарот на трудот на возрасните со што би се зголемила вработеноста кај младата популација. Целта на овој труд е да се анализира младото население на пазарот на труд во Македонија, со посебен осврт на моменталната состојба. Анализата на вработувањето на младите е надополнета со вкрстување со нивната образовна и економска структура. Младите се дел од работната сила што може значително да придонесе кон подинамичен економски развој на земјава со своето знаење и креативни способности. Анализата на состојбата на младите луѓе на пазарот на трудот во Македонија е прикажана преку споредба со индикатори на пазарот на трудот на национално ниво, како и со избрани земји од Европската Унија. Резултатите покажуваат дека младите работници (на возраст од 15 до 24 години) во Македонија се со поголема веројатност да бидат невработени во однос на другите возрасни групи и дека младите невработени лица се во понеповолна позиција на пазарот на трудот во споредба со другите возрасни категории на граѓани. Во однос на стапките на активност, како и стапките на вработеност и невработеност заедно, населението во Македонија на возраст меѓу 15 и 29 години е значително хетерогено.


Publisher: Економски факултет - Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет - Скопје, 2017



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/2818
Identifier: Цветаноска, М. (2017). Анализа на вработеноста на младите на пазарот на труд во Македонија. Годишник на Економски факултет - Скопје. Економски факултет-Скопје
Identifier: 0489-0922
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2818



TitleDateViews
Анализа на вработеноста на младите на пазарот на труд во Македонија201715