Home | Repositories | Statistics | About



Subject: БДП, земјоделство, продуктивност на трудот, Република Македонија


Year: 2016


Type: Article



Title: Анализа на продуктивноста на трудот во секторот земјоделство во Република Македонија


Author: Цветаноска, Маријана



Abstract: Продуктивноста на трудот има важна улога во формирањето на конкурентноста на одреден сектор или на целата економија и помага во создавањето на потребните услови за економски развој. Целта на овој труд е да се анализираат промените во нивото на продуктивноста на трудот во секторот земјоделство во Република Македонија во периодот од 2006 до 2015 година. Земјоделството игра клучна улога во развојот на националната економија во Македонија како трет најголем сектор по услугите и индустријата. Со цел да се зголеми продуктивноста на трудот во земјоделството, потребно е да се зголеми земјоделското производство, односно делот од бруто-домашниот производ создаден од секторот земјоделство. Во таа насока, во овој труд се анализира и зависноста помеѓу продуктивноста на трудот во земјоделството и бруто- домашниот производ и вработеноста во земјоделството. За таа цел, користени се следниве методи на анализа: дескриптивна статистика, метод на синтеза, метод на анализа, анализа на корелација и анализа на регресија. Резултатите покажуваат дека промените во бруто-домашниот производ во секторот земјоделство во Македонија во анализираниот период имаат поголемо влијание врз продуктивноста на трудот во земјоделството, споредено со промените во бројот на вработени во секторот земјоделство.


Publisher: Економски факултет - Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет - Скопје, 2016



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/2817
Identifier: Цветаноска, М. (2016). Анализа на продуктивноста на трудот во секторот земјоделство во Република Македонија. Годишник на Економски факултет - Скопје. Економски факултет-Скопје
Identifier: 0489-0922
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2817



TitleDateViews
Анализа на продуктивноста на трудот во секторот земјоделство во Република Македонија201616