Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2023


Type: Article



Title: Анализа на Т клеточните одговори кај пациенти со ковид-19 во Северна Македонија


Author: Невенка Ридова
Author: Симона Стојановска-Јакимовска
Author: Сања Трајкова
Author: Марија ПоповаЛабачевска
Author: Душко Дуковски
Author: Мартин Ивановски
Author: Милена Стевановиќ
Author: Татјана Стојаноска
Author: Илир Демири
Author: Александар Димовски
Author: Димитар Ефремов
Author: Ирина Пановска-Ставридис



Abstract: Aпстракт Вовед: Лимфопенијата е eден од најконзистентните хема толошки абнормалности при инфекција со новиот корона вирус (SARS­CoV­2). Особено се засегнати Т­клетките, пред сè цитотоксичните T­лимфоцити. Освен промените во бројот, овие клетки експримираат и инхибиторни рецепто ри, како PD­1, што сугерира функционална исцрпеност. Цел на студијата: Ги анализиравме лимфоцитните супсе тови кај пациенти со различна форма на ковид­19 и експре сијата на PD1 на Т­клетките, во корелација со тежината и исходот од болеста. Maтеријали и метод: Во периодот помеѓу 06/2020 и 06/2022, анализиравме 410 пациенти, од кои 326 хоспитали зирани на Клиниката за инфективни болести; 220 со тешка и 106 со критична болест. Останатите 84 пациенти беа след ени амбулантски со лесна/умерена форма на болест. Апсолутните вредности на CD45+, CD19+, CD3+, CD4+, CD8+, CD16+56+ лимфоцитите во периферна крв 10­20 дена од инфекција и експресијата на PD­1 на CD4+ и CD8+ T лимфоцитите беа анализирани со мултипараметриска про точна цитометрија на Универзитетската клиника за хемато логија. Вредностите беа споредени кај различнитеформи на болест, како и помеѓу преживеаните и починатите пациенти во двете групи. Резултати: Значајно пониски вредности на CD45+, CD3+, CD4+, CD8 и CD16+56+ лимфоцити беа забележани кај паци ентите со тешка и критична форма на болест, споредено со лесно болните. Исто така, значајна разлика во сите супсето ви, освен кај цитотоксичните Т­лимфоцити беше покажана помеѓу починатите и преживеаните со тешка болест, но не и кај критично болните. Не докажавме значајна разлика во експресијата на PD­1 на CD4+ и CD8+ T­клетки помеѓу раз личните групи на болни, нити помеѓу преживеаните и почи натите во двете групи. Заклучок: Нашите резултати ја потврдуваат асоцијацијата на Т­ лимфоцитите со клиничкиот тек и исходот од болеста кај пациентите со тешка форма на COVID­19. Истото не беше забележано кај критично болните, што води до заклучок дека други фактори го детерминираат исходот кај овие пациенти. Експресијата на PD1 на T­лимфоцитите е многу чест наод кај пациентите со ковид­19, независно од форма та на болест.


Publisher:


Relation: Анализите се работени во состав на научноистражувачки проект за евалуација на клеточни и хуморални имуни одго вори кај ковид­19, поддржан од Меѓународниот центар за генетски инженеринг и биотехнологија во Трст, Италија.



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/27354
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27354
Identifier: број 119



TitleDateViews
Анализа на Т клеточните одговори кај пациенти со ковид-19 во Северна Македонија202337