Home | Repositories | Statistics | About



Subject: коцкање,
Subject: копнеж,
Subject: повторувачки епизоди.


Year: 2020


Type: Proceeding article



Title: Бихејвиорална зависност-коцкање кај женската популација на лекување во центарот за третман на болести на зависност од дроги - ЈЗУ Општа болница Охрид


Author: Весна Лаброска
Author: Зорка Ѓорѓиевска Кесковска
Author: Лилјана Игњатова



Abstract: Вовед:Патолошкото коцкање претставува проблем за кој се почесто се зборува.Спаѓа во пореметување на навики и импулси и се карактеризира со повторувачки епизоди на коцкање пред кои лицето чувствува растечка напнатост и возбуда, задоволство за време на чинот и растеретување.Со МКБ-11 Ревизија коцката(off line и on line) се класифицира во зависничко однесување, односно во болести на зависност. Во текот на работата во Центарот,дел од пациентките кои се лекуваат од опијатна зависност често посетуваат казино,со присутен растечки порив за коцкање кој не се во можност да го контролираат. Цели:Студијата дава насоки околу поврзаноста на коцката со болеста на зависност на супстанции во сите фази:копнеж, губење контрола, толеранција, апстиненцијални потешкотии, рецидивирачки тек на болеста. Материјал и методи: анкетирани се 17 пациентки од Центарот во периодот од 26-30 октомври 2020 год.,увид во медицинска документација и искуството од професионалната работа во Центарот.Опфатени 4 групи на симптоми и навики: пред посетата на казино, за време на чинот на играње, потоа и однесувањето на за време на пандемискиот карантинот кога казината не работеа. Резултати: 10 од 17 анкетирани од 25-47 години се коцкаат.Коцката како навика ја стекнале откако веќе биле болни од опијатна зависност; 9 посетуваат казино секој ден, само 1 посетува три пати неделно;9 одат сами во казино, 1 заедно со сопругот;Кај сите има неодолива желба и искушение ако поминат покрај казино, а да не влезат,сите чувствуваат напнатост ако од одредени причини се спречени да играат.Се коцкаат ако имаат поголема сума пари,спремни да позајмат ако немаат.Денот го поминуваат во планирање за играта. Во текот коцкањето сите 10 чувствуваат задоволство и растеретување, кое не го поврзуваат со добивката.Присутна е извесна анксиозност ако изгубат, којашто битно не го намалува задоволството од играњето. Сите изјавуваат дека копнежот кој го чувствуваат пред да почнат го задоволуваат со самиот чин на играње, а не со висината на добивката. Сите изјавуваат дека атмосферата во казино е пријатна и бесплатен пијалок. Ниедна од испитаничките не соопштува дека пиењето на терапијата-метадон не го намалува копнежот за коцкање.После играњето чувствуваат растеретување, но веднаш почнуваат планирање за следниот чин. Кај сите е присутна непријатност кога ќе изгубат,со грижа на совест, но тоа брзо поминува и почнуваат планови за следната посета.5 од анкетираните ако добијат пари,30-40% ќе потрошат на гардероба, а остатокот од добивката повторно го вложуваат во игра,другите 5 повторно ќе ја вложат сумата за игра. Само 1 изјавува дека има потреба од третман за коцкање. Во текот на карантинот 8 илегално се коцкале со намалена честота, а 2 играле online. Заклучок: Бихејвиоралната зависност-коцкање ги има истите моменти во однос на појавата и симптомите како опијатната зависност. Третманот на опијатната зависност не е ефикасен кај патолошкото коцкање. Следствено за ентитетот патолошко коцкање е потребен посебен третман.


Publisher:


Relation: 20ти Конгрес на Македонското Лекарско Друштво во соработка со Медицинскиот Факултет – Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/27335
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27335



TitleDateViews
Бихејвиорална зависност-коцкање кај женската популација на лекување во центарот за третман на болести на зависност од дроги - ЈЗУ Општа болница Охрид202023