Home | Repositories | Statistics | About



Subject: психоактивни супстанци
Subject: онлајн скрининг
Subject: пол
Subject: возраст
Subject: рана детекција


Year: 2020


Type: Proceeding article



Title: Онлајн самопроценка на употреба на психоактивни супстанци: возрасни и полови разлики


Author: Маја Петрушевска
Author: Иво Куневски
Author: Лилјана Игњатова



Abstract: Вовед: Употреба на психоактивни супстанци (ПАС) претставува значителен фактор за ран морталитет и заболувања на глобално ниво. Стигматизацијата поврзана со болестите на зависност претставува бариера за рана детекција и интервенција во здравствениот систем. Според тоа, постои потреба за скрининг на лицата кои употребуваат ПАС со посебен акцент на вулнерабилната млада популација. Со растечкиот развој на новите технологии се отвара можноста за справување со стигмата и олеснување на пристапот до интервенции за лицата под ризик. Цели: Студијата нуди преглед на постетите на онлајн алатка за рана детекција и интервенција од употреба на ПАС и анализа на одговорите според пол и возраст. Матерјал и методи: Анализирани се 256 најави од учесници на онлајн алатка за рана детекција и интервенција кај адолесценти (13-18 години), млади (19-24 години) и возрасни (над 24 години) во Северна Македонија. Алатката, поставена на страницата www.drughelp.eu, е развиена од Помпиду групата на Совет на Европа и содржи прашања за социодемографски податоци и прашалник за самопроценка на употреба на ПАС – Drug Use Disorders Identification Test (DUDIT). Прашалникот за самопроценка DUDIT содржи 11 ајтеми со вкупен можен скор од 0-44, каде повисоките резултати укажуваат на проблеми од поголем интензитет. Прашалникот овозможува одредување на лицата без ризик, со штетна употреба на ПАС и оние со потенцијална зависност. Резултати: Резултатите укажуваат на дека 160 посети биле направени од машки и 96 од женски лица. Повисок DUDIT скор е присутен кај машките посетители во споредба со женски, како и кај возрасните лица во споредба со другите групи (p<0.05). Најчесто употребувана ПАС кај сите возрасни групи е канабис (32%), но голем дел од учесниците не ја пријавиле супстанцата која ја користат (24%). Машки е поверојатно да употребуваат повеќе супстанци отколку женски, а адолесценти употребуваат помалку супстанци од другите групи (p<0.05). Повеќето возрасни (77%) и машки лица (80%) имаат пристапено кон третман во споредба со другите групи. За одбележување е и дека во групата на возрасни се следат повеќе изјавени негативни последици од проблематичната употреба врз секојдневното функционирање. Заклучок: Спроведувањето на онлајн скрининг за проблематична употреба на ПАС може да овозможи анонимна рана детекција и информирање на лица под ризик. Особена предност на спроведувањето онлајн скрининг е олеснетиот пристап до младата популација. Ова нуди можност за надминување на препреките за споделување на проблемите со кои младите се соочуваат, како и соодветното и навремено насочување кон третман кaде што е потребно.


Publisher:


Relation: 20ти Конгрес на Македонското Лекарско Друштво во соработка со Медицинскиот Факултет – Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/27322
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27322



TitleDateViews
Онлајн самопроценка на употреба на психоактивни супстанци: возрасни и полови разлики202021