Home | Repositories | Statistics | About



Subject: проблематична употреба на интернет
Subject: млади
Subject: вклучување на јавноста


Year: 2020


Type: Proceeding article



Title: Проблематична употреба на интернет, коморбидитет и други предизвици


Author: Лилјана Игњатова



Abstract: Вовед:Терминот Проблематична употреба на интернет (ПУИ) дефинира широк спектар на проблематични однесувања на Интернет како прекумерно играње игри, гледање порнографија, купување преку интернет, коцкање преку интернет, „стриминг”, социјални медиуми, сајберхондрија, сајбербулинг и друго. ПУИ и употреба на супстанции имаат контраверзна релација, односно ПУИ може да помогне за апстиненција од дрога, може да е предиктор на употреба на дрога или може да се јавува заедно со употребата на дрога. Употребата на дрога може да биде предикор на ПУИ исто така. Коморбидитет помеќу ПУИ и употреба на супстанции како и со ментални нарушување е често. Депресија, суицидалност, анксиозност, непријателство, интерперсонална чувствителност, психотичност, АДХД, импулсивни растројства и други често се присутни заедно со ПУИ. Цел на овие истражувања е да се чуе гласот на лицата со искуство за ПУИ од прва рака и да се одреди преваленцата на ПУИ кај младите. Матерјал и методи: Истражување за ПУИ со вклучување на јавноста, луѓето со искуство од прва рака за ПУИ. Беа вклучени 2 групи на млади од 17-27 години. За одредување на преваленцата беа анализирани 1494 PUIQ прашалници пополнети од 16 годишни средношколци. Резултати: младите изјавуваа дека има проблематични и опасни видеоигри, споделуваа состојби на анксиозност, тага и социјална изолација предизвикана од ПУИ, како и еректилна дисфункција предизвикана од порнографија. Исто така тие соопштуваа за присуство на сајберкриминал, сајбербулинг и други ризици од интернет. Истражувањето на 16 годишни млади во земјата покажа дека 60% од нив имаат проблематична употреба нa интернет со скор 41 и повеќе на PUIQ прашалникот и дека нема значајна разлика помеѓу различни национални групи. Интернет како корисна алатка за превенција, рана детекција и интервенција и третман на лица кои употребуваат дрога е исто така опишана во овој труд. Заклучок: ПУИ не може да се препише само на животен стил на денешната младина и бара јавно здравствени и социјални напори за решавање на овој предизвик.


Publisher:


Relation: 20ти Конгрес на Македонското Лекарско Друштво во соработка со Медицинскиот Факултет – Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/27320
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27320



TitleDateViews
Проблематична употреба на интернет, коморбидитет и други предизвици202030