Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Ковид 19
Subject: депресија
Subject: изолација
Subject: квалитет на живот


Year: 2022


Type: Proceeding article



Title: Влијание на анксиозноста и депресивноста поврзани со КОВИД-19 во Скопје, РС Македонија во тек на 2020 година на квалитетот на живот


Author: Наумовска, Андромахи
Author: Наумовски, Тони
Author: Блажевска, Весна



Abstract: Вовед: Пандемијата на корона вирусот (COVID-19) во 2020 година претставуваше невидена закана за јавното здравје. Тековните мерки за контрола на ширењето вклучува социјално дистанцирање, изолација и карантин, што може да предизвика проблеми со менталното здравје кај поединци. Метод: Примерокот (N = 65) поделен во две групи, сочинува: испитаници кои биле во изолација (14 дена)- поради суспектност дека се позитивни на корона вирусот и лица кои не биле во изолација, а се јавиле за психолошка поддршка. Скалата за депресија и за анксиозност на Голдберг беа администрирани како мерки на депресија и анксиозност, соодветно и скала за квалитет на живот QOLS. Резултати: Депресивност и анксиозност се следи кај сите испитаници. Испитаниците кои поминале период од 14 дена во изолација пријавуваат поголема изразеност на симптомите на депресивност и анксиозност отколку оние кои не биле во изолација и нивниот квалитет на живот е полош. Заклучок: Манифестацијата на депресивност и анксиозност кај изолираните испитаници е значително поголема од онаа на испитаниците кои не биле во изолација што значајно влијае на нивниот квалитет на животот.


Publisher:


Relation: Меѓународна научна и стручна конференција „Енергетската и здравствената криза- правни, економски, психолошки и политички аспекти"



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/27311
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27311



TitleDateViews
Влијание на анксиозноста и депресивноста поврзани со КОВИД-19 во Скопје, РС Македонија во тек на 2020 година на квалитетот на живот202221