Home | Repositories | Statistics | About



Subject: право на молчење, обвинет, неповолни заклучоци, англиска кривична постапка


Year: 2018





Title: Англиското искуство со правото на молчење на обвинетиот во кривичната постапка


Author: Ilikj Dimoski, Divna



Abstract: Авторот на трудот се занимава со едно од најбазичните и воедно најважните права на обвинетите во кривичните постапки - правото на молчење – притоа, осврнувајќи се на една од неговите најкомплексни дилеми, а тоа е проблемот на извлекување на неповолни заклучоци од молчењето на обвинетиот, во смисла на користење на молчењето на обвинетиот во текот на постапката како доказ од кој што ќе се заклучи за фактичката состојба односно за вината. Имнено, често пати, ако на нормативното постоење на правото на молчење и неговото користење како легитимна тактика на одбрана се спротивстави неговото фактичко значење и последица во практиката, ќе произлезе дека молчењето е “контрапродуктивна” тактика, бидејќи ваквиот начин на одбрана, предизвикува уште поголема убеденост на органите на постапката во вината на обвинетиот. Оттука, авторот како посебно вреден за анализа го идвојува англискиот пример и ги елаборира измените на правото на молчење и начинот на кој е тоа уредено во Англија, со оглед на тоа што англиските нормативни решенија ја дозволуваат можноста молчењето на обвинетиот да се толкува на негова штета, притоа точно утврдувајќи под кои услови е тоа дозволено односно какви се правилата за извлекување неповолни заклучоци од молчењето на обвинетиот, како и ограничувањата од извлекувањето на неповолни заклучоци од молчењето. Авторот во трудот, воедно се осврнува и на некои од практичните аспекти и последици од измените на правото на молчење во Англија.


Publisher: Zdruzenie za krivicno pravo i kriminologija na Makedonija


Relation: Македонска ревија за казнено право и криминологија



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/27206
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27206



TitleDateViews
Англиското искуство со правото на молчење на обвинетиот во кривичната постапка201822