Home | Repositories | Statistics | About



Subject: корпоративно управување, транспарентност, обелоденување, котирани компании.


Year: 2012


Type: Article



Title: Транспарентноста на македонските компании мерена преку индексот на транспарентноста на Standard and Poor's


Author: Арсов, Сашо



Abstract: Една од причините поради кои трансформацијата на сопственоста во македонските компании не ги даде очекуваните ефекти во поглед на нивната ефикасност се наоѓа во воспоставениот систем на корпоративно управување. Во негови рамки, пак, транспарентноста на компаниите е едно од најболните прашања. Со цел да се обезбеди одреден минимален степен на отвореност на компаниите кон нивните тековни и потенцијални акционери, државата, берзата и Комисијата за хартии од вредност во последниве десетина години презедоа низа мерки со кои ги пропишаа обврските на јавните акционерски друштва на полето на обелоденувањето ценовно чувствителни информации. Овој труд ја користи постапката на рејтинг-агенцијата Standard and Poor’s за да го оцени степенот на транспарентност на македонските компании. Процедурата се состои во испитување на објавите на акционерските друштва во поглед на тоа дали во нив се наоѓаат податоци од областа на сопственоста, финансиите и управувањето. Резултатите покажуваат дека македонските компани не отишле многу далеку во индивидуалниот однос кон транспарентноста, задржувајќи се претежно на исполнувањето на пропишаните обврски.


Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет, УКИМ, Скопје



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/2715
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2715



TitleDateViews
Транспарентноста на македонските компании мерена преку индексот на транспарентноста на Standard and Poor's201214