Home | Repositories | Statistics | About



Subject: определеност, член, референција, генерична референција, експоненти


Year: 2022


Type: Article



Title: Развојот на постпозитивниот морфолошки член во македонскиот јазик како експонент на генеричната референција


Author: Karapejovski, Boban



Abstract: Постпозитивниот морфолошки член е главниот експонент на граматичката категорија определеност, заедно со показните заменки, во македонскиот јазик. Сепак, постојат видови определеност каде што членот се специјализирал и станал единственото средство што може да се употреби како маркер на соодветната референција. Сфаќањето на нешто како идентификувано, издвоено, определено, детерминирано итн. е субјективно и припаѓа во доменот на комуникацискиот чин, па затоа определеноста, sensu lato, и членост, sensu stricto, може да се означат како егоцентрички единици на јазикот (егоцентрици). Од друга страна, пак, генеричност, која подразбира упатување кон цело множество, т.е. род (genus), grosso modo, го исклучува членот како експонент на определеноста сфатена како множество од конечен број елементи, кои можат да се идентификуваат. Историскиот развој на членот упатува на тоа дека кај овој тип референција тој најдоцна се појавува како показател, а за тоа влијаеле извесни синтаксички и прагматички фактори, односно устројството на реченицата и актуелното реченично раслојување — тематско-рематската структура на исказот.


Publisher: Institute of Slavic Studies of the Russian Academy of Sciences


Relation: Slovene



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/27048
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/27048
Identifier: 10.31168/2305-6754.2022.11.2.11
Identifier: 11
Identifier: 2



TitleDateViews
Развојот на постпозитивниот морфолошки член во македонскиот јазик како експонент на генеричната референција202223