Home | Repositories | Statistics | About



Subject: Down синдром
Subject: хиперметропија
Subject: миопија
Subject: бифокални очила
Subject: скрининг насоки


Year: 2022


Type: Article



Title: Down синдром - рефрактивен развој


Author: Љубиќ, Антонела
Author: Трајковски, Владимир
Author: Димитрова, Галина
Author: Станковиќ, Бранислав



Abstract: Down синдромот (Трисомија 21) (ДС) претставува најчеста генетска аномалија кај која освен менталната ретардација се јавуваат и бројни карактеристични системски и офталмолошки манифестации. Преваленцијата на рефрактивните аномалии кај ДС се движи од 30-98 %. Лонгитудиналните студии за рефрактивниот развој кај децата со ДС, потврдуваат дека постои нарушување на нормалниот процес на еметропизација. Биометриските студии на оптичките медиуми кај ДС покажаа високи кератометриски вредности и истенчена корнеална строма, како и потенка леќа и нејзина послаба диоптерска јачина. Поради високата преваленција на нарушување на акомодацијата, оваа популација од најраното детство има потешкотии при читање од близина. Поради тоа, се препорачува употреба на бифокални или прогресивни очила уште од детска возраст. Поради високата зачестеност на окуларната патологија е потребно сите лица со ДС, да се вклучат во континуирани скрининг програми. Скрининг насоките треба да се следат во смисла на офталмолошки прегледи: на едномесечна возраст, потоа на една година, на две до три години, на пет - шест години (пред почетокот на училиште) и потоа следствено на секои пет години.


Publisher: Лекарска комора на Македонија


Relation: Vox Medici



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/26868
Identifier: Љубиќ А, Трајковски В, Димитрова Г, Станковиќ Б. Down синдром ‒ рефрактивен развој. Vox Medici 2022; 30 (115): 53-55.
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26868



TitleDateViews
Down синдром - рефрактивен развој202228