Home | Repositories | Statistics | About





Year: 2023


Type: Monograph



Title:  Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид - 19 пандемијата


Author: Елизабета Џамбаска
Author: Александра Лозаноска



Abstract: Монографијата насловена „Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид-19 пандемијата” претставува сублимиран приказ на состојбите во економијата на Република Северна Македонија, со фокус на економскиот развој и пазарот на работна сила, пред и за време на Ковид-19 кризата. Целта на истражувањето во оваа монографија е да се согледа влијанието на Ковид-19 пандемијата врз економскиот развој и пазарот на работната сила во Република Северна Македонија. Имајќи ја предвид комплексноста на истражуваната проблематика, без претензии на сеопфатност, а во рамки на расположливите податоци, во трудот се идентификуваат дел од последиците кои ги предизвика пандемијата врз македонската економија, односно врз економскиот развој и пазарот на работната сила, како и врз продуктивноста и квалитетот на живот. Во рамки на монографијата се анализираат и резултатите од анкетното истражување, спроведено за да се осознаат перцепциите и ставовите на вработените за последиците и промените на нивните работни места и во секојдневното живеење предизвикани од здравствената криза.


Publisher: Економски институт – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје


Relation:



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/26770
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26770



TitleDateViews
 Економскиот развој и пазарот на работна сила во Република Северна Македонија во услови на Ковид - 19 пандемијата202336