Home | Repositories | Statistics | About



Subject: капитал
Subject: бариери за мобилност
Subject: Европска унија


Year: 2018


Type: Article



Title: Мобилност на капиталот во ЕУ: права и ограничувања дефинирани според законодавството на ЕУ


Author: Макревска дисоска, Елена



Abstract: Слободното движење на капиталот во рамките на ЕУ било предвидено со Договорот од Рим, но, сепак, до средината на 90-те години од минатиот век, не постоело во практика кај голем број земји-членки. И покрај постигнатиот степен на мобилност на капиталот, пазарите на капитал се сè уште фрагментирани и недоволно развиени. Иако, пазарот на Европа има слична големина како пазарот на САД, капитализацијата на пазарот на хартии од вредност достигнува само половина од вредноста на онаа на пазарот на хартии од вредност во САД. Мобилноста на капиталот е поизразена во поглед на заемите и странските директни инвестиции. Поинтегрирани капитални пазари водат до зголемување на ефикасноста и ќе ѝ помогнат на ЕУ да го зголеми економскиот раст. Трудот ја анализира правната рамка во поглед на слободното движење на капитал во рамките на ЕУ, како и ограничувањата, дефинирани во законодавството на ЕУ. Целта е да се прикаже степенот на либерализација на капиталот во рамките на ЕУ, како и можностите за поголема интеграција на пазарите во Европа.


Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет-Скопје


Relation: Годишник на Економски факултет-Скопје, том 53



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/2675
Identifier: 0489-0922
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2675
Identifier: 233
Identifier: 247



TitleDateViews
Мобилност на капиталот во ЕУ: права и ограничувања дефинирани според законодавството на ЕУ201822