Home | Repositories | Statistics | About



Subject: блефаропластика
Subject: очни капаци


Year: 2009


Type: Proceeding article



Title: Естетска блефаропластика на очни капаци-компликации и менџмент


Author: Ставрич Дејан
Author: Богданова Ирина
Author: Николовска Билјана
Author: Исјановски Игор
Author: Арнаудовски Златко



Abstract: Вовед: Естетска блефаропастика спаѓа во редот на поедноставните процедури во окулопастична хирургија. Сепак, поради екстензивноста на површината која се обработува, а со тоа и на ткиво кое постоперативно зацелува, не се ретки интра и постоперативни компликации. Цел: Целта на овој труд е да се прикажат најчестите компликации при естетска блефаропластика и решение за истите. Материјал и Методи: Направена е ретроспкетивна анализа на 20 пацинети оперирани на Клиника з аочни болести во Скопје, на возраст од 25 до 62 годишна возраст, од еден хирург. Кај сите пациенти беше спроведена естетска блефаропластика на сите 4 очни капаци, во локална анестезија, како дневна хирургија. Компликациите ги поделивме во 2 подгрупи: компликации кај кои не беше потребна ревизија и компликации кај кои беше потребна ревизиона хируршка процедура. Во првата подргрупа кај 2 пацинети се јави екцесивен постоперативен едем, 3 пациенти се жалеа на ексецивна постоперативна болка. Кај сите пациенти од оваа група симптомите се повлекоа со адекватна ресорптивна и аналгетска терапија. Во втората подгрупа, која е и вистинскиот интерес на овој труд, кај 3 пациенти беше забележан дискретен ектропиум на долните капаци, кај 1 пациент се визуелизира склерата на едната страна поради ретракција на горниот капак. Кај еден пациент дојде до рана дехисценција на шевот на еден долен капак поради траума. Кај овие пациенти беа изведени ревизиони хирушки процедури. Кај пациентите со ектропиум на долните капаци, заради скарификација на орбиталниот септум, беше изведена процедура на латерал тарзал стрип, со резултатна корекција на ектропиум и постигнување на апозиција на работ на капакот со очното јаболко. Кај пациентот со визуелизација на склерата поради ретракција на горниот капак, причинет исто така заради скарификација на орбиталниот септум, беше планиран мукозен графт за екстензија на предната ламела, со што се постигна нормална позиција на горниот капак. Кај пациентот со дехисценција на шевот, со освежување на ивиците и ресутура се постигна задоволителен резултат. Заклучок: Раните контроли и мониторинг во постоперативниот период се важни за детекција на постоперативните компликации при оваа процедура. Познавањето на етиологијата на постоперативните компликации ги диктира и одредува и соодветните ревизиони корективни процедури кои треба да се познаваат, како и основната хируршка процедура.


Publisher:


Relation: Македонски Медицински Преглед = Macedonian Medical Review



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/26704
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26704



TitleDateViews
Естетска блефаропластика на очни капаци-компликации и менџмент200926