Home | Repositories | Statistics | About



Subject: SI, прилог за потврдување, француски јазик, македонски јазик


Year: 2022


Type: Article



Title: За една употреба на францускиот прилог SI и неговите еквиваленти во македонскиот јазик


Author: Јоана Хаџи-Лега Христоска



Abstract: Предмет на разгледување на овој труд е формата SI во францускиот јазик која е доста комплексна од морфосинтаксички и семантички аспект и претставува своевиден предизвик за истражувачите, особено кога се обработува во контрастивна перспектива. Се задржуваме на нејзината употреба како прилог за потврдување, кој се јавува како одговор на исказна или прашална реченица во одречна форма. Целта на овој труд е да се осврне на лингвистичкото опкружување на овој прилог во францускиот јазик и на еквивалентните форми на тие конструкции во македонскиот јазик (низ примери ексцерпирани од три француски романи преведени на македонски), дотолку повеќе што македонскиот јазик не познава форма со ваква специфична употреба.


Publisher: Меѓународен центар за славјанска просвета - Свети Николе


Relation: Меѓународен дијалог : Исток-Запад (филозофија, лингвистика, културологија)



Identifier: oai:repository.ukim.mk:20.500.12188/26430
Identifier: 1857-9299
Identifier: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26430



TitleDateViews
За една употреба на францускиот прилог SI и неговите еквиваленти во македонскиот јазик202229